
Кламидијата (Chlamydia trachomatis) е бактерија која може да предизвика повеќе болести кај човекот. Најчесто предизвикува воспаление на половите органи, и кај двата пола, која се пренесува преку сексуалната активност. Кламидијата докажано е една од најчестите сексуално преносливи болести.
Бројот на сексуално преносливите болести се зголемува секојдневно. Затоа морате да водите сметка за вашиот полн орган. Ако забележите дека нешто не е во ред, не чекајте веднаш обратете се кај гинеколог. Но, не секогаш треба да барате симптоми. Еднаш во годината задолжително треба да одите на рутински преглед.
Пренесување...
Кламидијата се пренесува преку вагинален, анален и орален сексуален однос. Може да се пренесе и од мајка на дете за време на бременоста. Лошата вест е тоа што симптомите не се забележуваат. Околу 75 % од заболените не се свесни дека се инфицирани. Опасностите од оваа бактерија се загрижувачки. Ако не се лекува на време, покрај воспаление на уринарниот тракт и јајниците, може да предизвика стерилитет, вонматерична бременост и воспаление на карлицата.
Симптоми...
Симптомите се појавуваат во 2 до 6 недела од инфекцијата. Но, многу често и не се манифестираат. Штом почувствувате пецкање во текот на уринирањето, болка и крварење за време на сексуалниот однос, крварење помеѓу две менструации, болки во абдоменот, веднаш помислете дека причина за тоа може да биде кламидијата.
Откривање...
Откривањето на кламидијата е многу едноставно. Се покажува на папа тест или преку микробилошко испитување на мокрача. Бидејќи спаѓа во групата на сексуално преносливи болести, неопходно е да се лекуваат и двајцата партнери.
Лекување...
Лекувањето се одвива преку специјални антибиотици. За време на терапијата не се препорачува секс за да не се повтори болеста или да се инфицира некој друг. По завршувањето на лекувањето задолжително се препорачува контрола и кај двајцата партнери. Најголема заштита ќе постигнете преку употреба на кондом.
.gif)






















.gif)























