ciklusХорор: Mенструација на одмор
Лекарите не препорачуваат пливање, грлото на матката е малку проширено и влегуваат микроорганизми.
laznite1Негативните ефекти на вештачките трепки
Лепакот со кој ги прикачувате може да ги иритира очните капаци или да предизвика алергија на окото.
parfume14 совети за младешки изглед
Ако носите парфем со младешка нота, тогаш луѓето ќе ве перцепираат како помлади.
zadnikot15 вежби за подигнување на задникот
Зошто вие да не бидете таа по која ќе се криват туѓите вратови?

Што треба да знаете за гонорејата?

stomach_pain_1

Гонорејата е една од најчестите сексуално преносливи болести на кои се изложени младите луѓе. Не треба многу за да се пренесе, доволен е еден сексуален однос со инфицирано лице и веќе сметајте дека ја имате болеста.

Иако може да се издвојат, сепак не секое лице покажува идентични симптоми. Тие се разликуваат од човек на човек и секоја индивидуа различно ја доживува болеста. Голем број лица не се ни свесни дека боледуваат од гонореја бидејќи симптомите се занемарливи. Обично симптомите кај мажите се поагресивни за разлика од жените.

Женски симптоми... Но, за да бидете сигурни и да добиете претстава за болеста ќе ги издвоиме најчестите женски симптоми и нормално ќе ве опоменеме на задолжителна лекарска консултација.

Густ, жолтеникав или бел исцедок од вагината, најчесто со непријатен мирис.

Болка или печење при уринирањето.

Јаки болки за време на менструалниот циклус.

Болки во долниот дел на стомакот.

Машки симптоми... Кога веќе сме на темата убаво е да ги знаете и машките симптоми. Едукацијата е само еден чекор до брзата заштита.

Густ белузлав или жолтеникав исцедок од пенисот.

Печење или болки при мокрење или движење на стомакот.

Дијагноза... Симптомите сфатете ги како знак дека треба да посетите лекар, тие не се доволни за да поставите дијагноза сами. Единствено преку брис од цервиксот можете да бидете сигурни дека станува збор токму за гонореја.

Лекување... Сé досега лекувањето се одвива на база на антибиотици и инјекции. Но, по краткото истражување за болеста, налетавме на информацијата дека гонорејата станува отпорна на лековите. Засега единствено не е имуна на „спектономицин" и „сефтриаксон".

Зошто мора да се лекувате... Освен што сте потенцијален пренесувач, се излагате да направите дополнителни компликации. Болеста во напредната фаза се пренесува на репродуктивните органи и може да предизвика стерилитет и кај двата пола. Може да предизвика и проблеми со срцето, кожни заболувања, артритис или слепило.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?