
Деновиве во медиумите беше пласирана застрашувачка информација во која се вели дека две третини од жените кај нас не користат ниту едно контрацепциско средство. Уште пострашно е тоа што некои девојки веруваат дека со „кока-кола" и сода-бикарбона може да спречат несакана бременост.
Која е причината за ваквата неинформираност на младите можеме само да претпоставуваме и да осудуваме, но многу е подобро да почнеме масовно да пишуваме на темата која сигурно ќе најде начин да допре до секого.
За да дејствувате превентивно сторете го следното:
Под 1: За почеток повторно ќе ве вратиме на неколку статии во кои зборувавме за основните средства за контрацепција и начините на кои се останува бремена. Вратете се повторно на нив и внимателно прочитајте ги и споделете ги со своите пријателки.
Под 2: Во случај досега да не сме третирале некоја од сексуално преносливите болести или, пак, имате некој конкретен проблем, слободно пишете ни и пожалете се. Ќе се обидеме да најдеме сé за болеста за да добиете претстава и основни информации.
Под 3: Сексуално преносливите болести демнат од сите страни. Вие мислите дека ако сте со партнерот со години дека сте официјално заштитени. Девојка ни се пожали дека закачила кламидија од својот партнер, со кого е 7 години, кој едно лето имал секс-авантура со Украинка.
Под 4: Штом наполните 18 години, а ако сте сексуално активни и пред да наполните, мора да посетувате гинеколог. Како што имате матичен лекар, заболекар, така мора да имате свој гинеколог кој ќе се грижи за вашиот полов орган. Речиси сите сексуално преносливи болести се подмолни, не покажуваат симптоми и можете да ги носите без да знаете. Затоа редовниот папа-тест ќе ви помогне да имате увид во ситуацијата.
Под 5: Што ве чини партнерот да го замолите да стави кондом или, пак, да се напиете контрацепциско апче? Апсолутно ништо! Задоволството е исто, а нема да си ја трескате главата по лекари, да правите абортус и да се мислите дали сте ги намалиле шансите за дете во иднина.
Под 6: Совет до сите мајки што ќе налетаат на статијава, потребен е РАЗГОВОР. Зошто не разговарате со својата ќерка на оваа тема. Пријателките може да ѝ помогнат, но што ако цело друштво има погрешно верување. Со смирен тон, без љубопитни прашања, повеќе во форма на држење говор зборувајте за бременоста и безбеден секс.
.gif)






















.gif)























