
Без разлика дали сте имале односи или не, посетата на гинеколог е задолжителна. Ако веќе имате наполнето 21 година, уште утре јавете се за да закажете преглед. Колку време помина од вашиот последен папa-тест? Ако зборуваме за повеќе од една година, тогаш и вие сте должни да закажете преглед.
Време за прв преглед...
Гинеколозите велат дека првиот гинеколошки преглед треба да се случи од 13 до 15 година. Тогаш девојчињата веќе имаат менструација и нивната матка е во фаза на зреење. Со оглед на тоа што возраста не е многу сериозна, одговорноста за посетата на гинеколог ја носат мајките.
Должни сте да ѝ објасните на вашата ќерка дека се работи само за рутинска постапка слична на систематскиот преглед. Многу е важно да ја научите да води сметка за своите полови органи.
Што се случува на првиот преглед...
Првиот преглед треба да биде во функција на запознавање. Гинекологот треба да земе податоци за менструалниот циклус на вашата ќерка, да ѝ зборува за контрацепцијата и најважните детали околу сексуално преносливите болести.
При првиот преглед не се прават никакви тестови, освен ехо на матката. Ако имате 21 година и сé уште не сте имале сексуални односи, истото важи и за вас. Значи ехото е сосема безболно, на долниот дел на стомакот лекарот ќе стави гел, и потоа на монитор ќе имате можност да ја видите матката.
Преку ехото гинекологот има увид за развитокот на матката, нејзината правилна положба и развитокот на јајчниците.
Ако сте сексуално активни, покрај ехо ќе мора да направите и папa-тест бидејќи единствено преку него може да се откријат бактерии и болести. Го поминавте првиот тест и сега може да мирувате до крајот на животот. Тотално погрешно!!!! Папа-тестот е задолжително да се прави секоја година. Никогаш не можете да знаете дека не сте носител на некоја бактерија.
Запомнете, не постои никакво оправдување за да не правите папа-тест. Сте имале само еден партнер, имате заштитен секс, вашиот партнер ви е верен и не спие со други... ништо од ова не важи.
Како да се однесувате на првиот преглед...
НЕ СРАМЕТЕ СЕ ДА ПРАШУВАТЕ! Не оптоварувајте се дека ќе кажете некој кикс, и да се случи тоа не е срамота. Срамота е ако имате некој проблем и молчите за тоа. Најдобро е уште од дома да ги смислите прашањата, запишете ги за да не ги зборавите.
ОТВОРЕНО ЗБОРУВАЈТЕ СО ГИНЕКОЛОГОТ! Одговарајте ги прашањата опширно. Колку повеќе детали изнесете, толку подобро за вас. Ниеден лекар не е во функција да ве суди за тоа колку рано сте почнале да имате секс или за контрацепцијата што ја користите. Лекарот е во функција само да ви помогне.
.gif)






















.gif)























