clean_the_houseСо "генералка" до цврсто тело
Чист стан, цврсто тело и бистри мисли, тоа го добивате со чистење!
vinegar_on_tableПредностите на јаболковиот оцет
Јаболковиот оцет е извонреден природен лек за многу заболувања.
grozje2Грозјето замена за појадок
Составот на грозјето е многу сличен на мајчиното млеко.
soup_with_lettersТајната на супата
Терапевтската вредност на супата лежи во нејзините состојки.

Синдром на полицистични јајчници

ultrasound

Полицистичните јајчници ги споменавме во делот за диетите. Ако добро се сеќавате, кажавме дека жените што страдаат од овој синдром се изложени на дебелеење. За жал, тоа не е единствениот проблем кој може да се појави.

Полицистичните јајчници се лекуваат заради неплодност, но всушност тие се болест на ендокриниот систем. Задолжителен е редовниот преглед и лекување бидејќи постои ризик од појава на болести на срцето и крвните садови, висок крвен притисок, дијабетес, маснотии во крвта, рак на јајчниците...

Кои симптоми треба да ги побарате!

Симптом бр. 1  - нередовна менструација. Менструацијата се јавува на растојание од 35 дена, некогаш може да изостане и со месеци. Нередовните циклуси може да се појават уште од пубертетот или по покачувањето на телесната тежина.

Симптом бр. 2 - зголемено ниво на машки хормони. Под нивно влијание жените се соочуваат со мрсна кожа, акни, влакнавост по лицето.

Симптом бр. 3 - зголемени јајчници со многубројни цисти. Цистите најчесто се утврдуваат на ултразвук - еве уште една причина за редовна посета на гинеколог.

Симптом бр. 4 - неплодност. Поради отсуството на овулација, јајце-клетките не се во состојба да созреат и да се оплодат.

Симптом бр. 5 - прекумерна телесна тежина. Организмот станува отпорен на инсулин со што се зголемува потребата од јаглеродни хидрати. Отпорноста на инсулинот со текот на времето пројавува прикриен дијабетес и висок крвен притисок.

Симптом бр. 6 - дамки по кожата. Се појавуваат темни дамки, најчесто на вратот, под мишките, на бедрата, под градите.

Како се одвива лекувањето?

Со оглед на тоа што синдромот предизвикува навистина голем број компликации не постои некој конкретен зафат со кој би се окончале сите одеднаш. За жал, жените што страдаат од полицистични јајчници се соочуваат со големи маки.

Лекувањето се одвива одделно за секој симптом. Посебно се третира неплодноста, зголемената телесна тежина, акните... Најважно од сé е да се одржи нормален притисок, холестерол во крвта, нормалната функција на срцето. Затоа е неопходно постојано следење на ситуацијата.

Што можете вие да сторите околу болеста?

Навистина има начин како да си ја подобрите ситуацијата во која се наоѓате. Водењето здрав живот е еден од условите.

Редовното вежбање го контролира дијабетесот бидејќи доаѓа до согорување на вишокот шеќер во крвта.

Намалувањето на телесната тежина ви ги зголемува шансите за бременост и воспоставување контрола на акните. Од исклучителна важност е да одбирате што ќе ставите в уста. Вам ви е забрането пиење, пушење, јадење мрсна храна, слатки или пиење газирани сокови.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?