
Сексот треба да претставува задоволство, а не болка. Сигурно тешко ви паѓа кога слушате како пријателките доживеале двоен оргазам, а вие од болки не можете да постигнете ниту еден. Но, не сте сама во ова, верувајте дека и на партнерот не му е пријатно.
Прочитајте за факторите што најчесто предизвикуваат болен однос и како можете сами да си помогнете.
Физички фактор.
Понекогаш и кога сте максимално отпуштена и не се стегате, сепак не можете да се ослободите од болното чувство. Тоа е знак дека сé е во ред со вашиот мозок. Треба да барате некој физички фактор или поточно аномалија на вагината.
Најчести физички причини што кај жената предизвикуваат болка во текот на сексуалниот однос се ендометрозата, синдромот на полицистични јајчници, циста, инфекции во мочниот меур, сувост на вагината. Сексуално преносливите болести исто така влијаат на убавината на сексот.
Кога имате кандида се мачите со пецкање и внатрешен јадеж, кога вагината ќе дојде во допир со пенисот или кондомот пецкањето уште толку се зголемува.
Психички фактор.
Сигурно ќе си речете дека нема ништо во вашата глава кога ве боли таму долу. Вие не ја измислувате болката. Верувајте дека мозокот може многу да си поигра со вашите чувства. Доколку успеете да го контролирате, што е особено тешко, ќе знаете да ја минимизирате болката. Не потценувајте го психолошкиот фактор во следниве ситуации:
Мало или лошо искуство...
Незнаењето во што се впуштате или, пак, претходното лошо искуство лесно може да се пренесува со секој партнер. Здравствено може да сте здрави, но сепак да пости грч кога ќе дојдете до чинот. Разговарајте за тоа со гинеколог или со постаро и поискусно лице.
Страв од болка...
Исплашени од болното искуство, наместо да уживате, вие сте во очекување нова болка. Телото се стега, постојано е на штрек очекувајќи дали тоа ќе се повтори. Ако ве болело еднаш, не значи дека ќе ве боли секојпат.
Секс колку да се рече...
Сигурно ви се случило да не ви е до секс, но за да го задоволите партнерот сте се согласиле на тоа. Не практикувајте го ова често. Со мислите на друга страна не можете да постигнете влажност и да уживате. Нормално дека ќе ве боли.
Што можете да сторите?
Прв чекор: Обидете се да заклучите, кога, зошто и под кои околности се јавуваат болките. Тоа многу ќе ви помогне да дојдете до одговорниот фактор.
Втор чекор: Почнете да мастурбирате. Ако досега не сте го сториле тоа, вистинско време е да ја запознаете својата вагина. Преку допирите ќе откриете што предизвикува болка, а што уживање.
Трет чекор: продолжете ја предиграта. Ако се соочувате со сувост на вагината или не ви се допаѓаат позите, кој може да ви помогне ако не партнерот. Разговарајте со него за заедно да постигнете сензација во сексот.
Четврт чекор: Посетете гинеколог. Ако сепак болките не можете да ги спречите и покрај тоа што ги одигравте претходните 3 чекори, тогаш станува збор за физички фактор. Тој нека ве упати до гинеколог, а таму ќе го најдете посакуваниот одговор.
.gif)






















.gif)























