
Ендометриозата е воспаление на матката што се јавува кај 10% од жените. Ризикот за болеста е најголем во репродуктивните години, но може да се случи и по менопаузата.
Ендометриозата е болест при која внатрешниот слој на матката или познат како ендометриум почнува да се шири надвор. Тој е во состојба да ги зафати следните органи: јајчниците и просторот околу нив, јајцеводите, матката, цревата, па сé до белите дробови.
Ендометриумот, кој нормално е присутен во матката, доколку не настане бременост, се лупи и истекува заедно со менструалната крв. Но, кај ендометриозата тој се шири, се задебелува, крвави, но не може да истече надвор.
Последици од болеста...
Силни и неподносливи болки во текот на менструацијата, обилна менструација, крвавење меѓу две менструации, болно мокрење за време на менструацијата.
Хронична болка во малата карлица и долниот дел на 'рбетот.
Болка за време на сексуалните односи.
Болки во цревата.
Неплодност.
Лекување...
Лекувањето на ендометриозата зависи од возраста на пациентката, напредокот на болеста, а најмногу од тоа дали жената има план да забремени бидејќи лековите дејствуваат на плодноста.
За жал, не постои операциски зафат со кој трајно ќе се реши проблемот со воспалената матка. Лапароскопската операција е начин за отстранување на потеченото ткиво, но тоа може да се повтори во секое време. Ваквиот зафат ја зголемува плодноста и до 9 месеци, затоа се применува кај жените што претендираат да забременат.
Доколку жената не се обидува да забремени, се препорачува хормонална терапија. Со помош на хормоните се спречува овулацијата или менструалното крвавење. Секое прекинување на терапијата значи враќање на плодноста заедно со ендометриозата и нејзините симптоми.
Во случаи на тешка ендометриоза, како краен избор, се врши и отстранување на матката. Доколку е проширена и на околните ткива, се отстрануваат и јајчниците и јајцеводите.
.gif)






















.gif)























