
Трихомонијазата е уште една полова болест која се пренесува преку сексуален пат. Тоа значи дека сексот скапо ќе ве чини ако не водите сметка за здравјето на своите полови органи. Да се вратиме на болеста.
Станува збор за инфекција на вагината што лесно може да се пренесе и на мочниот канал при што се јавува печење при мокрењето. Кај мажите се случува да се инфицира и простатата.
Многупати сме споменале дека превенцијата е најдобриот лек за сексуално преносливите болести. А постои ли подобра превенција од практикувањето заштитен секс и редовни гинеколошки прегледи?
Конкретно за трихомонијазата, најдобра заштита е кондомот. Кондомот 100 % ќе ве заштити од паразитот на оваа полова болест.
Уште еден начин да дејствувате превентивно е едукацијата. Затоа ви ги нудиме симптомите на трихомонијазата:
Иритација, чешање, печење во делот на гениталиите.
Исцедок од вагината со непријатен мирис и жолтеникава боја.
Непријатен и болен секс.
Дополнително за заштита:
Микроорганизмот Trichomonasom vaginalis, е во состојба да живее надвор од човечкото тело дури 45 минути. Ова значи дека лесно може да се пренесе и на друг.
Затоа избегнувајте да користите ист пешкир, долна облека, костими за капење, сунѓери за капење. Овие предмети се потенцијални пренесувачи на заразата.
Лекувањето се одвива преку антибиотици кои мора да ги пијат и двата партнери.
.gif)






















.gif)























