
Папа тестот е метода за рано откривање на ракот на грлото на матката. Овој тип на рак стана еден од најчестите малигни заблувања на женскиот репродуктивен систем. Особено на нашите простори, стана 2 најчеста болест кај жените, после ракот на дојката.
Потекло?
Тестот го добил името според неговиот создавач, американски лекар со грчко потекло, Papanicolau (1883- 1962), со цел да се провери грлото на матката. Грлото е долниот дел од матката (uterus), а после него продолжува вагината.
Што покажува?
Преку папа тестот се покажуваат сите инфекции, абнорамални клетки на грлото на матката или веќе развиен рак.
Зошто е потребен?
Многу е едноставно, може да ви го спаси животот. Ги открива најраните знаци за појава на рак. Детектира било какви абнормални клетки, кои подоцна можат да се развијат во канцерогени. Раното откривање значи и полесно лекување и спас од смрт.
Кој треба да прави папа тест?
Во склоп на редовниот гинеколошки преглед, треба да ви биде рутина да правите и папа тест. Не постои старосна граница за тестот. Не значи дека ако сте во менопауза сте ослободени од правењето папа. Особено редовно трба да пактикуваат девојки кои наполниле 21 година но, и помали кои имаат секс.
Колку често треба да се прави?
Птравилото е индивидуално за секоја жена, во зависност од нејзиното здравје и возраст. Доколку генерално размислуваме, тогаш еве ги правилата кои ги дава Американскиот универзитет за гинеколози и акушери:
- Ако сте помлади од 30 год, треба секоја година.
- Ако имате 30 год. или сте постара, конуслтирајте се со вашиот докотр да го правите тестот на секои 2 или 3 години, доколку претходно сте имале три нормални папа тестови во изминатите 3 години.
- Ако имате 65 до 70 год. и веќе сте имале три нормални тестови, а ниту еден абнорамален во изминатите 10 години, можете да се консултирате за прекинување на тестирањето.
Задолжително треба да прават!!!
- Жените со намален имунитет поради трансплатација на орган, оние кои примаат хемотерапија или кортикостероиди.
- Ако вашата мајка користела DES ( Dietilstilbestrol), за време на бременоста.
- Ако сте инфицирани од ХПВ и ХИВ вирусот.
Потполно се ослободени.
Оние на кои докторите ги советувале дека е време да престанат, поради староста. Другата група се оние жени кај кои оперативно е отстрането грлото на матката. Но, секако претходно со консултација со гинекологот.
.gif)






















.gif)























