
Што да јадете, што да пиете, дали ви е дозволено секое движење, а најважно од сè дали смеете да имате СЕКС. Бременоста е деликатна состојба, но тоа не значи дека треба од корен да го промените целиот живот и навики и 9 месеци да не излегувате од дома само за да не ви се случи нешто.
За да ја решиме дилемата, ќе одговориме на неколкуте прашања што ни ги поставија трудниците:
Дали сексуалниот однос може да го загрози животот на бебето?
Доколку бременоста не е ризична, тогаш сексот не носи никакви последици. Важно е да се консултирате со гинекологот и сепак да практикувате сексот да биде нежен и внимателен. Сексот не се препорачува во првото тримесечје зашто тогаш ризикот за абортус е најголем.
Дали е дозволено пиењето кафе и вино.
Сè што содржи кофеин треба да биде ограничено, вклучувајќи го и чајот. Една шолја не е проблем, но поголеми дози кофеин ќе го надразнат нервниот систем. Алкохолот не влегува во комбинација бидејќи неговите состојки ги уништуваат органите на малечкото.
Дали лековите се опасни за фетусот.
Активните состојки во лековите може да дојдат до ембрионот преку постелката и така да влијаат на неговиот правилен развој. Ова не важи за лековите препишани од лекар. Но, земањето лекови на своја рака е строго забрането.
Дали солариумот е штетен во бременоста?
Во текот на бременоста е добро да одморите од солариумските третмани. Под дејство на хормоните, кожата трпи промени и станува почувствителна. Многу лесно може да се појават дамки и отоци на кожата.
Дали е дозволена депилацијата со восок?
Интересно е тоа што во бременоста е забавено растењето на влакната. Сепак, најдобриот начин е да ги отстраните со бричење или со крем. Топлиот или ладниот восок може негативно да влијаат на циркулацијата што и без тоа е забавена.
Дали трудниците смеат да ја бојосуваат косата?
Најдобро е да го избегнувате фризерот во првите три месеци. Боите вклучувајќи ги и оние на билна база, особено хидрогенот, содржат хемиски материи кои преку крвотокот може да допрат до фетусот. Можете да се шатирате, но бојата не ставајте ја на коренот.
Дали е дозволена посета на заболекар?
Лекувањето на забите и другите интервенции се допуштени само ако се неопходни. За време на бременоста често доаѓа до воспаление на непцата. Ако е потребно, може да се користи локална анестезија, но без адреналин бидејќи е штетен за плацентата.


















































