
Во првиот број на женското списание Unique, на долго и на широко е објаснето за оваа појава што ги измачува жените. Во статијата јасно е потенцирано дека повлечените брадавици се нормална појава и ретко кога претставуваат закана за здравјето. Побарајте го списанието на сите трафики ширум земјава за да се информирате за производите што може да ви помогнат да ги вратите брадавиците во нормална положба.
А сега да се вратиме на неколкуте факти во врска со појавата, што е добро да ги знаете!
КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДЕКА ИМАТЕ ПОВЛЕЧЕНИ БРАДАВИЦИ?
Најчесто брадавиците се истакнати од 5 до 10 милиметри. Но тоа не е случај кај повлечените брадавици. Самиот збор кажува...брадавиците се насочени спрема внатре формирајќи мали дупчиња. Ваквата појава е карактеристична и за двата пола, а најчесто се појавува кај подебелите луѓе.
ДАЛИ СЕ ОПАСНИ?
Доколку ги имате цел живот не се опасни, освен за вашата самодоверба. Но ако се повлечат после пубертетот, ненадејно, тогаш нема штета да ги прегледате. Не чекајте бидејќи може да се работи за некое заболување.
МОЖЕТЕ ЛИ ДА СОНУВАТЕ ЗА НОРМАЛНИ БРАДАВИЦИ?
Денес со естетската хирургија скоро се е можно. Но навистина нема потреба да се изложувате на таков зафат и ризик, што секогаш постои без разлика што е мал, ако тоа лично не ви смета. Замислете си да го загубите осетот на градите...бидете подготвени на тоа ако сте решиле да одите на пластична операција.






































