
Вагиналниот исцедок е густа течност што се излачува од вагиналниот отвор. Тој е карактеристичен за секоја жена, а количината е индивидуална. Малата количина е нормална и пожелна бидејќи на тој начин се овозможува процесот на вагинално чистење.
Како што спомнавме количината и типот на исцедокот се разликува од жена на жена и во голема мера зависи од менструалниот циклус. Промената на вообичаениот исцедок ( појак мирис, поинаква боја и поголема количина) се знак дека дошло до одредено воспаление што мора да се испита.
КАКО ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДА НОРМАЛНИОТ ВАГИНАЛЕН ИСЦЕДОК?
Нормалниот вагинален исцедок има средна густина, млечно бела боја, а мирисот е речиси непријатен.
КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА ДОШЛО ДО ПРОМЕНА?
Боја: од млечно бел, исцедокот добил сива, зеленикава или жолтеникава боја.
Количина: забележувате дека на долната облека постојано имате густ исцедок.
Мирис: мирисот на вагината се сменил, имате потреба често да се миете бидејќи е неподнослив.
Ваквите промени на исцедокот најмногу зависат од причинителот. Понекогаш симптомите се благи и незабележителни и брзо ги снемува, тогаш станува збор за обична настинка на јајчниците.
СЕКОЈА ВАГИНАЛНА БОЛЕСТ ПРОДУЦИРА РАЗЛИЧЕН СЕКРЕТ?
1.БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА: редок, сиво-бел исцедок со непријатен мирис што потсетува на свежа риба.
2.ТРИХОМОНИЈАЗА: пенлив, жолто-зелен исцедок со јак мирис.
3.ГОНОРЕЈА: жолтеникав исцедок, пецкање при мокрењето и воспаление на половите органи.
4.КЛАМИДИЈА: густ и жолтеникав исцедок, непријатен јадеж околу вагиналниот отвор.
5.ГАБИЧНА ИНФЕКЦИЈА (кандида): густ и бел исцедок.






































