Симптомите може да варираат од лесни, незабележливи тегоби, па сè до многу силни, крајно непријатни манифестации. Уринарните инфекции не се многу опасни, но се навистина упорен проблем од кој начесто патат жените и затоа кај нив превенцијата е многу поважна од самото лекување.
СОВЕТ ЗА ВО ЗИМА:
Во текот на зимата на жените им се препорачува затоплување и им се советува да избегнуваат носење на кратки здолништа, како и задолжително носење на топли хулахопки.
Жените кои, пак, имаат хронични воспаленија би требало да користат уроантисептици пред и после секој сексуален однос. Кај постарите жени пак проблем претставува слабата слузокожа на вагината и тогаш овој проблем потешко се решава.
Почетокот на инфекцијата најчесто се манифестира со зачестено мокрење, кое е пропратено со пецкање и притисок при мокрењето, како и болки во карлицата и грбот. Урината може да биде заматена или со траги од крв. Жените почесто заболуваат од воспаление на мочниот меур поради пократката уринарна цевка и по сексуални односи. Ако навремено се лекуваат уринарните инфекции не се опасни, но ако се занемарат можно е лекувањето да биде долготрајно, болно и скапо. Затоа, како и за секоја друга болест, најдобро е да се избегне нивната појава.
НЕКОЛКУ СОВЕТИ КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ:
ФАКТ:
Користењето на спермициди, интимни парфеми и пени за капење можат да ја повторат уринарната инфекција.














































