
Некои жени патат од циститис 4 до 5 пати во годината
Во вториот број на женското списание Unique што веќе е во продажба, во категоријата Unique Life, беше отстапено место за вечниот непријател на жените - ЦИСТИТИСОТ. Ги издвоивме главните карактеристики на болеста:
ДЕФИНИЦИЈА ЗА БОЛЕСТА: станува збор за инфекција на уринарниот тракт што го зафаќа и мочниот меур. Главен причинител за оваа женска болест е бактеријата ешерикија коли или други патогени бактерии што се развиваат во дебелото црево.
Инфекцијата најмногу ги напаѓа младите девојки од причина што се сексуално активни. Жените со јак имунитет се соочуваат со инфекцијата еднаш во животот, но има и такви што страдаат 4 до 5 пати во годината.
СИМПТОМИ НА БОЛЕСТА:
ЧЕСТО УРИНИРАЊЕ
КОНТИНУИРАН НАГОН ЗА УРИНИРАЊЕ
ЧУСВТВО ДЕКА МОЧНИОТ МЕУР НЕ Е ПОТПОЛНО ПРАЗЕН
ПЕЧЕЊЕ ПРИ УРИНИРАЊЕТО
ЗАЧЕСТЕНО УРИНИРАЊЕ ВО НОЌНИТЕ ЧАСОВИ
ШТО ВЕЛИ UNIQUE ЗА ЦИСТИТИСОТ?
Во статијата сместена на 103 страна, ќе можете да прочитате за триковите што моментално ја облажуваат инфекцијата и за тоа како да се осигурате дека никогаш повеќе нема да патите од циститис.
ЛЕКУВАЊЕ НА ПРОДНА БАЗА:
Штом ги почувствувате првите симптоми фрлете се на пиење течности. Честата посета на тоалетот ќе ви помогне да се ослободите од токсините, а така ќе се поштедите од земање лекови.
Вода, увин чај, чај од клека, чај од свила од пченка, магдонос, лук...ова се се природни диуретици што ќе ве поттикнуваат да одите во тоалет. Чаевите пијте ги пред оброците и задолжително пијте витамин Ц. Наутро практикувајте да се напиете вода ( по можност купена) со лимон. Лимонот е најефикасниот растворувач на токсините.
ЛЕКУВАЊЕ СО МЕДИКАМЕНТИ:
Лекувањето оди на база на антибиотици. Но проблемот е тоа што долгото и континуирано пиење предизвикува оштетување на цревната флора. Не земајте лекови на своја рака, исклучиво консултирајте се со доктор.






































