
Таблетата може да ја испиете и по 24 часа од сексуалниот чин
Ако порано не беше така, денес современите жените може сами да ја планираат својата иднина особено семејството. Сами одлучуваме кога ќе станеме сексуално активни и кога сме подготвени да станеме мајки. Сето тоа благодарение на оралните средства за контрацепција поради кои не мора да водиме сметка за несаканата бременост.
Но што ако заборавите да испиете пилула или поведени од преголемата страст не забележите дека кондомот пукна? Не кревајте паника и заборавете на меѓусебни обвинувања... и за тоа постои решение.
ШТО ТРЕБА ДА СТОРИТЕ ПОСЛЕ СЕКС - НЕЗГОДАТА?
Јавете се кај вашиот матичен лекар, гинеколог или во некоја дежурна гинеколошка ординација, најкасно 120 часа после незаштитениот сексуален однос (што побрзо се јавите толку подобро) и побарајте ја таблетата позната како ДЕН ПОТОА.
Таблетата е најефикасна во првите 72 часа или 3 дена после сексуалната интеракција, но делува и до 120 часа после незаштитениот секс, но со намалено дејство. Што значи не е вистина дека морате да ја испиете после 24 часа како што многумина мислат.
СОСТАВ НА ТАБЛЕТАТА
Таблетата "ден потоа„ е хормонски состав од естроген и прогестерон или само прогестерон. Најважно, кај било кое контрацепциско апче е да содржи значителна доза на прогестерон.
КАКО ДЕЛУВА?
Таблетата за ден потоа спречува оплодената јајце клетка преку јајцеводите да премине во матката и негативно влијае врз хормоните неопходни за настанување на бременоста. Навременото земање на оваа таблета спечува помеѓу 75 до 88% од несаканите бремености.
После земањето на таблетата може да се појави мачнина (задолжително се јавува кај една третина од жените) и повраќање. Не плашете се ако почнете да крвавите бидејќи токму тоа треба да се случи. Јајце клетката обично се распаѓа после 3-от најдоцна до 7-от ден по консумирањето на таблетата. И подоцна очекувајте промени во менструалниот циклус.
ЗАПОМНЕТЕ 2 ПРАВИЛА!!!
- Месец дена после земањето на таблетата, морате да се јавите кај вашиот гинеколог за да направите тест за бременост и проверите да не сте закачиле некоја сексуално пренослива болест за време на незаштитениот секс. ТАБЛЕТАТА ДЕН ПОТОА НЕ ШТИТИ ОД СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ!!!
- Таблетата користете ја само во крајна нужда, кога нема друга алтернатива. Не смеете да си дозволите да правите грешки знаејќи дека постои спас. Од тие причини оваа таблета исклучиво се добива на рецепта што значи - ТАБЛЕТАТА НЕ МОЖЕТЕ ДА ЈА КУПИТЕ НА СВОЈА РАКА!!!


















































