
Не е необично за време на сексуалниот однос да ви се јави главоболка и тоа непосредно пред оргазмот
Менструални проблеми, незгодни телесни мириси, неконтролирано мокрење...имате толку многу прашања, но незгодно вие е да му ги поставите на вашиот доктор. Но, не грижете се. Докторите се имаат изнаслушано низа незгодни здравствени прашања, а во најголем број случаи станува збор за решавачки проблеми. Еве неколку одговори...
Зошто менструацијата има лош мирис?
Бактериите кои живеат во вагината излегуваат со менструалната крв. Во допир со кислородот и некои делови од ткивото на материцата (кое исто така лачи менструална крв) почнуваат да се распаѓаат. Тие се причина за лошиот мирис. Освен тоа, крвта може да се задржи меѓу срамните влакна , па како што се суши така предизвикува лош мирис. Затоа почесто менувајте ги тампоните или улошките (барем на секои 4 часа). Интимните дезодоранси и други слични производи можат да предизвикаат иритација, па затоа не се препорачливи.
Кожата кај анусот ме пече и ме чеша. Зошто?
Можеби до тој дел на телото не допира доволно воздух. Смешно, но сепак не сосема. Кожата тогаш се воспалува и почнува да чеша. Ако е можно, избегнувајте носење на танги и тесни пантолони. Освен тоа, капете се само со благ, детски шампон кој не е парфимиран, а обрнете внимание и на детергентот со кој ги перете алиштата.
Една од причините поради која ве чеша кожата околу анусот е појавата на хемороиди (проширени вени на крајот од дебелото црево). Хемороидите можат да предизвикаат болки и крвава столица. Ако не успеете сами да го решите проблемот со специјални лекови за хемороиди, тогаш посетете го вашиот доктор.
Кога имам менструација, столицата ми е мека, а понекогаш добивам и дијареја?
На самиот почеток на менструалното крвавење организмот го лачи хормонот простагландин кој ги стимулира контракциите во матката, но истовремено предизвикува и грчеви во цревата, што понекогаш доведува и до дијареја. Земете некои лекови против болки кои ќе дејствуваат врз менструалните грчеви, а воедно ќе го спречат и грчењето на цревата.
Понекогаш за време на сексот почнува да ме боли глава. Дали тоа е загрижувачко?
Не е необично за време на сексуалниот однос да ви се јави главоболка и тоа непосредно пред оргазмот. Иако не е познато што ја предизвикува оваа болка, таа е безопасна. Испијте некој аналгетик кој ви одговара најмногу, а ако главоболките почнат се почесто да се појавуваат, тогаш посоветувајте се со вашиот невролог.
Зошто вагината ме пече?
Многу проблеми кои ве мачат можат многу лесно да се решат отколку што мислите. Па така, најпрво пробајте да откриете дали тангата и тесните пантолони се причина за хемороидите, чешањето на анусот и печењето на вагината. Ако и по промената на долната облека и пантолоните не почувствувате олеснување, обратете се кај вашиот гинеколог бидејќи може да сте заболеле од секусално пренослива болест.


















































