
На Скопскиот саем, од 23 до 25 април по втор пат ќе се одржи саемската манифестација „Бебе саем " наменет за трудници, бебиња, родители и деца.
ДОБРЕДОЈДЕНИ СЕ СИТЕ!
Без разлика дали сте веќе родител или пак планирате во иднина да го проширите вашето семејство, ова е местото каде ќе најдете одговори за сите дилеми поврзани со детскиот свет. Додека вие се информирате, вашето малечко го очекува бескрајна забава и дружење благодарение на играчките, забавните катчиња, театарските претстави, детските модни ревии, музиката, танцот и различните натпревари. Не заборавајте да го понесете и сопругот...неговото присуство во животот на детето е неопходно.
ЗА ЦЕЛТА НА САЕМОТ...
Саемот е во функција да ја подигне едукацијата и информираноста на повисоко ниво, овозможувајќи им на родителите на едно место да добијат стручни совети, квалитетни и точни информации наменети за нивните деца и како на најдобар начин да се справат со новите обврски.
И оваа година ќе бидат опфатени најразлични теми: како полесно да се надминат проблемите со кои се соочуваат младите родители, тешкотиите во бременоста, правилниот раст и развој на децата, навремено и правилно постапување по одредени симптоми, како да се искористат игрите и забавата во растот и развојот на децата. Во овој дел особено ќе помогнат педијатрите кои и оваа година ја подржаа манифестацијата.


















































