
Подмладувањето на вагината обично жените го прават после породувањето, бидејќи тоа најмногу ги слабее вагиналните мускули.
Се поголема е бројката на жени кои не се задоволни со изгледот на својата вагина и верувале или не, тоа нема никаква врска со годините. До пред извесно време најчест применлив метод беше лабиопластиката - хируршки зафат со кој се прави корекција на усните, но во поново време се повеќе жени се одлучуваат за подмладување со помош на ласер.
Подмладувањето на вагината обично жените го прават после породувањето, бидејќи тоа најмногу ги слабее вагиналните мускули. Зафатот трае само еден час и се изведува со ласер. Резултатот е цврсти и јаки вагинални мускули и крај на инконтенцијта и што е најважно подобрување на сексуалниот живот. Бенефиции од ваквиот зафат имаат и мажите, тие имаат чувство како нивната сопруга да има 20 години. Но лекарите предупредуваат дека овој зафат не може да ги реши проблемите во спалната што имаат поинаква природа, односно што не се поврзани со комплексите на жените или цврстината на нивната вагина.
| 100% од женитепосакуваат да имаат поцврста вагина |
ЗА СИГУРНОСТА НА ПОСТАПКАТА?
НЕДОСТАТОЦИ...
Подмладувањето на вагината е доста деликатна постапка што носи извесен ризик. Со оглед на тоа што при зафатот хирургот работи околу нервите, може да се случи повреда на некој од нив, а крајниот резултат ќе биде намалена осетливост на вагината. Поради можните ризици, најдобро е да се консултирате со лекарот во врска со операцијата и заедно да процените дали сте навистина соодветна кандидатка што треба да се изложи на такво нешто.
ПРЕДНОСТИ...
Цврста вагина на која ќе и се врати некогашната осетливост и уживање во сексуалниот чин.


















































