
Многу фактори влијаат на резултатите од гинеколошкиот преглед. Некои се вон ваша контрола, но постојат неколку врз кои можете да влијаете со неправилното однесување.
Не си создавајте грижи залудно. Доволно е што имате трема секогаш кога одите на преглед, а ви требаат и 15 дополнителни минути за да заспиете навечер. Затоа отстранете ги сите услови кои може да предизвикаат погрешни резултати. Научете како да се подготвите за преглед кај вашиот гинеколог.
За најпрецизни резултати одете на преглед рано наутро. Докажано е дека тогаш лекарите се најпрецизни во својата работа, додека пациентите лесно се прилагодуваат на упатствата.
Испланирајте прегледот да се случи после менструацијата, освен ако многу крварите и тоа ве загрижува. Менструалниот секрет може да влијае на лабораториските испитувања.
Два до три дена пред тестот избегнувајте сексуален однос. Течностите кои се разменуваат за време на сексуалниот чин може да ги затскријат абнормалните клетки на цервиксот.
24 саати пред прегледот избегнувајте употреба на било какви дезодоранси или други продукти наменети за нега на вагината. Одредени дамки може да се протолкуваат како мали тумори или да скријат некои нерегуларности.
Направете листа на прашања што сакате да му ги поставите на гинекологот. Не мора стручно да се изразувате и да барате термини, со свои зборови објаснете што ве загрижува и интересира.
Доколку ви е попријатно, замолете во собата да влезе и вашата другарка или партнер.


















































