
Главоболката и немирот се знаци за депресија после оргазам.
Сексот е најдобрата антистрес терапија. Ако патите од депресија или замор, активноста во креветот е најдоброто природно решение за да се ослободите од негативните мисли и емоции.
ЗАПОМНЕТЕ: СЕКСОТ + СМЕЕЊЕ + ВЕЖБАЊЕ = ВЕДАР ДУХ И ЧИСТИ МИСЛИ
Но, што ако после сексот се чувствувате лошо. Неверно, но вистинито...постојат многу девојки кои наместо среќа и задоволство, после сексот чувствуваат необјасниво чувство на тага. Станува збор за посторгазмична депресија со која најмногу се занимава данскиот доктор Marcel Waldinger. Истражувањата за ваквата појава се релативно нови и многу прашања се уште остануваат отворени.
После оргазмот во телото се случуваат низа хемиски промени што го доведуваат до максимална релаксација и отпуштање. Тоа е сосема нормален процес што се случува кај секоја жена. Моментот со депресијата не е ништо ново, но конечно некој решил јавно да проговори за тоа.
Симптомите се јавуваат околу половина час после доживувањето на оргазмот, а може да траат и до пет дена. Следните неколку дена после сексот, личноста има чувство дека боледува од грип. Се јавува константен замор, грозница, недостаток на концентрација, главоболка, немир, пролив, поспаност...
ЗАПОМНЕТЕ: Слаткиот умор после сексот не е исто што и депресијата!
Депресијата после оргазмот им се случува и на здравите луѓе без срцеви проблеми, со нормално ниво на тестостерон, кортизол и либидо. Неправилностите најчесто се поврзуваат со преголемото излачување на хормони од штитната жлезда, но не се исклучува ниту можноста од алергиска инфекција. Во текот на половиот однос доаѓа до размена на секретите и се излачуваат хормоните што може да поттикнат алергиска реакција. Симптомите може да предизвикаат хемиска нерамнотежа во мозокот.
ЗАПОМНЕТЕ: од овој тип на депресија патат и двата пола!
Подобрување на општата состојба на организмот и зајакнувањето на имунитетот, може да ја подобри состојбата до некаде. Конкретно решение за проблемот се уште не постои. Лошо е тоа што лицето не дека нема желба за секс, но одбива да има поради тоа што следува после оргазмот.
.gif)






















.gif)























