raka_so_medМоќта на медот
Само една лажица мед прави чуда на кожата, енергијата, раните, тежината...
mirisiki7 мириси за здравје
По вдишувањето масло од рузмарин студентите подобро решавале тест за помнење.
srcev_udar11 симптоми за срцев удар
Не чекајте на силна болка, некои симтоми не смеете да ги занемарите!
babe_copyТрикови против поширени вени и икавица
Ладен туш против проширени вени, од кои патат речиси 30% од населението.

Карцином на вагина

karcinom_na_vagina

Карциномот на вагината најчесто се манифестира со вагинално крварење или исцедок со непријатен мирис.

Најновиот број на Unique веќе ви е достапен на сите трафики ширум земјава, а внатре повторно ќе можете да ги решите сите дилеми поврзани со женското сексуално здравје. Доколку имате некој проблем што ви задава главоболка, НЕ ЧЕКАЈТЕ! Пишете ни на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , за да ги дознаете насоките од Др. Спец. Гин. акушер Лилјана Начевска.

Што прашувавте овој месец?

1. Наполнив 21 година, дали треба да почнам да посетувам гинеколог?

2. На последниот гинеколошки преглед ми открија миом. Исплашена сум и не знам кои се опасностите од појавата на миом и начинот на лекување.

3. Што е карцином на вагината и кои се симптомите?

Одговорите ве очекуваат на 96-та страна!

Ние ќе се задржиме на третото прашање...крајно време е да зборуваме за симптомите на оваа болест.

Карциномот на вагината е најредок гинеколошки малигном, тој учествува само со -3% од сите гинеколошки малигноми. Како и за другите карциноми, така и за карциномот на вагината, причините за негово јавување не се познати. Но, постојат одредени фактори на ризик, што ја зголемуваат можноста за појава на ова малигно заболување кај одредени жени.

Како докажани ФАКТОРИ НА РИЗИК за карциномот на вагината се:

Возраст - Староста е еден од факторите на ризик за карциномот на вагината. Колку што е жената во понапредната возраст, толку е поголем и ризикот за настанување на ова малигно заболување.

Инфекција со Human papilloma вирус - HPV инфекцијата што се пренесува по сексуален пат има улога на промотор во канцерогенезата.

Инфекција со HIV - HIV е вирус кој предизвикува СИДА. Жените со HIV имаат ослабен имунитет и поради тоа полесно го прифаќаат HPV вирусот кој од своја страна е одговорен за појавата на вагиналниот карцином.

Инфекција со Herpes simplex вирус (HSV) - Жените кои имале генитална херпес инфекција имаат нешто поголем ризик за развој на вагинален карцином.

Промени на клетките на вагината - Состојбата наречена VAIN (вагинална интраепителна неоплазија) е преканцерозна лезија, која може со тек на време да се развие во инвазивен карцином.

Пушење - Пушењето е фактор на ризик и за развој на цервикалниот карцином. Жените кои пушат имаат релативен ризик за цервикален карцином од 3.0.

СИМПТОМИ:

Карциномот на вагината најчесто се манифестира со вагинално крварење или исцедок со непријатен мирис. Може да почувствувате и печење во пределот на гениталиите. Крвавењето е симптом што не смеете да го занемарите, и е знак дека веднаш треба да појдете на преглед. Ако сте во менопауза неколку години и се јави крвавење, итно јавете се кај вашиот гинеколог. Ако туморот се прошири може да ги зафати и околните органи, а симптомите се соодветни на органот зафатен од туморот - објаснува Др. Лилјана.

Од општи симптоми, кои се знак за напреднат процес се: општа слабост, малаксаност, губење на апетит, слабокрвност, уремија и секундарни инфекции.

ДЕЛУВАЈТЕ ПРЕВЕНТИВНО!

Никој не може да предвиди кога некоја болест може да нападне, најчесто работите се случуваат преку ноќ, а свесноста почнува откако ќе се забележат првите симптоми. На наша среќа, денес работите не мора да ги оставаме случајноста.

Со откривањето на ПАПА тестот направен е голем напредок во раното дијагностицирање на карциномот на вагината и грлото на матката. Редовните брисеви се најефикасен начин за рано откривање на абнормалностите на клетките, што можат да бидат прв знак на карциномот. ПАПА тестот овозможува лекувањето да започне брзо и успешно.



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)