
Во една студија се вели дека, 95% од мажите и 89% од жените мастурбираат.
Мастурбацијата е стимулација на гениталиите за да се постигне сексуално задоволство до точката на оргазам. Тоа се постигнува со допирање и масирање на клиторисот додека не се постигне оргазам. Некои жени употребуваат и стимулации со помош на секс играчките (вибратор).
КОЈ МАСТУРБИРА?
Скоро секој. Мастурбацијата е често однесување - дури ја практикуваат и луѓе кои имаат сексуални односи со својот партнер. Во една студија, 95% од мажите и 89% од жените мастурбираат. Мастурбацијата е првото сексуално искуство на повеќето мажи и жени.
ЗОШТО ЖЕНИТЕ МАСТУРБИРААТ?
Мастурбацијата е добар начин за да се чувствувате добро и за да ја намалите сексуалната тензија, особено ако немате редовни сексуални односи. Мастурбирањето исто така е безбедна сексуална алтернатива за жени кои сакаат да ја избегнат бременоста и опасноста од сексуално преносливите болести.
ДАЛИ МАСТУРБИРАЊЕТО Е НОРМАЛНО?
Во далечното минато, претставуваше перверзија и знаци за ментален проблем, но сега мастурбацијата е сосема нормална сексуална активност што е пријатна и безбедна. Мастурбацијата помага во запознавање на точките на телото кои ќе ви донесат големо задоволство. Мастурбацијата претставува проблем само ако ви ја намали желбата за секс со партнерот или ако ја практикувате јавно.
ДАЛИ МАСТУРБАЦИЈАТА Е ШТЕТНА?
Медицинските лица сметаат дека мастурбацијата е природна и безбедна експресија на сексуалноста. Не предизвикува физички повреди или болка на вашето тело. Некои експерти кажуваат дека мастурбацијата може значајно да го подобри сексуалното здравје и врска. Со истражување на своето тело можете да одредите што ве возбудува најмногу за подоцна тоа да го споделите со својот партнер. Некои двојки практикуваат и заедничка мастурбација за да ги откријат техниките за подобра задоволувачка сексуална врска.
.gif)






















.gif)























