
За време на бременоста и потоа пожелно е да употребувате креми кои ќе и дадат влажност на кожата.
Нема ништо поубаво од чувството да се стане мајка. Но, и покрај сите неверојатни искуства што ги носи бременоста, таа може да биде и фрустрирачка за некои жени. Со бременоста настануваат големи промени на телото кои сигурно може да ги исплашат жените. Прочитајте низ какви промени поминува телото по бременоста и како да ги намалите истите.
Телото се менува по бременоста
Бременоста е дефинитивно една од најдобрите времиња во животот. Овој период исто така го означува и телото заради промените со кои треба да се соочите. Како и да е, овој период не трае многу долго. Промена на расположението, акните, болката и зголемувањето на тежината постепено исчезнуваат и апетитот повторно се враќа во нормала. За некои промени како зголемувањето на тежината треба малку повеќе време за телото повторно да се врати во нормала, но сето тоа е нормално.
Косата се менува по бременоста
Како што телото поминува низ хормонски промени, така може да забележите дека и косата може да ви изгледа различно по породувањето. Вашата коса може да се подобри, но може и да стане сува, оштетена и тенка. Можете да ги подобрите овие проблеми со користење на соодветна нега - изберете некој добар стилист за коса.
Кожата се менува по бременоста
Промените на кожата исто така можат да бидат предизвикани од хормоните. Ако состојбата на кожата се влоши (акни, црвенило, стрии, влакна), тогаш на вашата кожа и треба неагресивна нега. Некои експерти препорачуваат мајките да ги користат истите препарати како и нивните бебиња. Треба да избегнувате силни козметички препарати кои се агресивни. Препорачливо е да пиете многу вода.
Големи колкови по бременоста
За време на бременоста, вашето тело се приспособува за да може да биде способно да го износи детето. Ова значи дека вашите колкови ќе се прошират. Многу е тешко повторно да ја вратите истата форма како пред бременоста. Затоа е препорачливо да вежбате.
Вагинални промени по бременоста
Некои промени се случуваат и на интимните делови. Може и да чувствувате болка. Затоа најдобро е да отидете на гинеколошки преглед. Но, ако и по тоа вашиот сексуален живот не се подобри, а вие се уште чувствувате болка и крварите тогаш е подобро да апстинирате од секс барем некое време. Болката за време на секот може да биде поради промената на хормоните. Се додека пенетрацијата е болна, можете со партнерот да пробате други форми на водење љубов или пак да користите лубрикант.
Промена на големината на градите по бременоста
По бременоста, градите може да ви се зголемат или намалат. Најнепривлечно по бременоста е тоа што градите виснуваат и се појавуваат стрии. Токму заради тоа, препорачливо е да го мачкате телото со навлажнувачки креми.
.gif)






















.gif)























