
Не само што преку сексот интимно ќе се поврзете со партнерот, туку ќе имате и многу други здравствени придобивки.
Сексот не е само забава со која ќе си ги задоволите сексуалните потреби. Тој има и многу позитивни страни кои секако позитивно влијаат врз здравјето на човекот.
Не само што преку сексот интимно ќе се поврзете со партнерот, туку ќе имате и многу други здравствени придобивки.
Откријте кои се тие.
Го подобрува сонот
При сексот се лачат многу хормони кои ќе ве релаксираат и ќе ви помогнат полесно да заспиете. Доколку имате проблеми со спиењето, пробајте секоја вечер да мастурбирате или да имате секс.
Намалува болка
При сексот и оргазмот се ослободуваат хормони кои ги намалуваат болките. Затоа, доколку имате главоболки, болки во вратот или стомакот, наместо да пиете апчиња, пробајте по природен пат да ја избркате болката - со оргазам.
Намалува стрес
По сексот, крвниот притисок се намалува, што допринесува за намалување на стресот кој сме го доживеале во текот на денот. При сексот се ослободуваат хормони за задоволство и добро расположение, па затоа така се намалува стресот, лошото расположение и напнатоста.
Зајакнува имунитет
Редовниот секс го прави вашето тело поотпорно, што е доста важно кога станува збор за настинка и грип. Со редовниот секс се зголемува имунолошкиот глобин А, што е антитело за зајакнување на имунитетот.
Намалува килограми
Не значи дека со сексот ќе го добиете телото кое одамна сте го посакувале. Но, при сексот се трошат многу калории, па ако ништо друго полека, но сигурно ќе ја намалувате тежината, а вежбите ќе помогнат за оформување на телото.
.gif)






















.gif)























