
Утринските мачнини можат да ве натераат да ослабете неколку килограми па да се прашувате дали така бебето е снабдено со доволно храна. Но, не грижете се.
Секоја идна мајка, во тие 9 месеци додека е бремена, постојано има грижи на некој начин да не му наштети на нероденото бебе. Но, сите сме свесни дека тоа се само повремени грижи и дека на крајот се ќе биде во ред со детето.
Кои се најчестите грижи на идните мајки?
Вежбањето е опасно
Вежбањето не е опасно. Тоа значи дека ќе бидете здрави и подготвени за породувањето и дека по породувањето нема да имате толку големи болки. Ако сте вежбале пред бременоста, тогаш нема да имате потреба да се прилагодувате на новата состојба, треба само да водите грижа за доброто загревање пред вежбите и да пиете многу вода.
Патувањето со авион е штетно
Летањето со авион воопшто не е опасно, доколку сте во здрава состојба и немате никакви компликации. Пилотите и стјуардесите исто така нема да ви прават проблем за тоа доколку се е во ред со бременоста.
Чуден вагинален исцедок
Многу жени имаат често вагинален исцедок. Тоа не значи дека имате инфекција која ќе влијае на бебето, туку едноставно тоа е последица од хормонските промени. Честото туширање е препорака од нас.
Малиот стомак значи дека развојот на бебето не е во ред
Ако ова ви е прва бременост, не мора да значи дека детето има проблеми со развојот. Голема веројатност е мускулите на стомакот да се премногу цврсти. Доколку сакате да бидете помирна, консултирајте се со вашиот доктор и уверете се дека се е во ред.
Болките во долниот дел од стомакот се знаци дека ќе го изгубам бебето
Многу трудници имаат болки во стомакот, особено во првата бременост. Но, тоа е сосема нормално. Тие болки се од тегнењето на лигаментите на матката. Доколку сте загрижени, можете слободно да се консултирате со вашиот лекар, кој со сигурност ќе ве смири.
Алкохолот на почетокот од бременоста му наштети на бебето
Многу жени пиеле во почетокот на врската кога се уште не го знаеле тоа. Но, треба да знаете дека само претераното консумирање алкохол може да има негативно влијание врз бебето. Доколку алкохол му наштетил на бебето на почетокот на бременоста, вие уште тогаш ќе го изгубите бебето и најверојатно нема ни да сфатите дека сте биле бремени. Кога ќе дознаете дека сте бремени, треба веднаш да престанете да консумирате алкохол.
Утринските мачнини го изгладнуваат бебето
Утринските мачнини можат да ве натераат да ослабете неколку килограми па да се прашувате дали така бебето е снабдено со доволно храна. Но, не грижете се. Вашето тело ги става неговите потреби пред вашите и го штити бебето по секоја цена. Секако, доколку утринските мачнини се премногу тешки за вас, консултирајте се со вашиот лекар.
Бебето не се мрда
Ова не е причина за веднаш да се крене забуна. Секоја мајка различно го чувствува мрдањето на бебето. Доколку околу бебето има многу течност, нема да го чувствувате неговото мрдање. Исто така, ако имате и други обврски, тоа повеќе ќе ви го одзема вниманието, што дури нема ни да забележите дека вашето бебе се мрда. Ако многу сте загрижени околу ова, легнете и мирувајте неколку минути. Кога ќе се смирите од сите активности, ставете ја раката на стомакот и ќе го почувствувате неговото движење.
Прерано добив болки
Не грижете се! Ова не значи дека треба да го родите детето, туку едноставно болките се контракции кои го подготвуваат вашето тело за породувањето. Затоа, опуштете се и уживајте во последните неколку недели со вашето бебе, кое сте го носеле 9 месеци.
.gif)






















.gif)























