
Согласно најновите истражувања, жените кои не планираат бременост и користат контрацепција, се во можност да спречат 187 милиони непланирани бремености.
Денес, во хотелот Queen, во катната гаража Зебра, се одржа прес конференција по повод Светскиот ден на контрацепцијата.
Светскиот ден на контрацепцијата (СДК) секоја година се одбележува на 26 септември. СДК е глобална кампања која се стреми да ја зголеми свесноста за контрацепција кај младата популација. На тој начин се превенира појавата на непланирана бременост, состојба која може да доведе до абортус или непланирано мајчинство, со сите свои последици и многустрани социјални проблеми.
Кампањата на Светскиот ден на контрацепцијата 2010 е посветена и на прославувањето на еден исклучително важен јубилеј - 50 години од откривањето на првата контрацептивна таблетка. Со претставувањето на првата орална контрацептивна таблетка во 1960 година, им се овозможи на жените ширум светот, нова ера на добро здравје и поголем квалитет на животот.
Во Соединетите Американски Држави, пилулата им овозможи на жените да инвестираат во своето образование и кариера од една страна, а од друга страна влијаеше на унапредувањето на здравјето и општата добросостојба на жените, нивните деца и заедницата во целина.
Согласно најновите истражувања, жените во земјите во развој, кои не планираат бременост и користат контрацепција, се во можност да спречат:
- 187 милиони непланирани бремености;
- 60 милиони непланирани породувања;
- 105 индуцирани абортуси;
- 2,7 милиони смртни случаи на доенчиња;
- 215 000 смртни случаи поврзани со бременоста (вклучително и 79 000 смртни случаи како резултат на ризичен абортус);
- 685 000 деца да ги изгубат своите мајки како резултат на причини поврзани со бременоста.
Во развиените земји, најчесто употребувана контрацептивна метода е Пилулата (18% стапка на употреба) и машкиот кондом (16%). Овие методи чинат половина од сите контрацептивни методи кои се употребуваат во развиените земји, додека само 1 на секои 4 кориснички, се потпира на женската стерилизација или на интраутерино средство како метод на контрацепција.
Во светот постојат 535 разни брендови на Пилули.
околу 100 милиони жени во светот се кориснички на комбинираните орални контрацептиви, додека 34 милиони жени користат орални контрацептиви произведени од Баер Шеринг Фарма.
Баер Шеринг Фарма АГ е водечка компанија за специјализирано производство. Истражувањата и деловните полиња се фокусирани на Дијагностика, Општа медицина, Специјализирана медицина и Здравје на жената. Со иновативниот асортиман Баер Шеринг Фарма АГ има за цел да придонесе о прогресот на медицината, а со тоа и подобрување на квалитетот на животот.
.gif)






















.gif)























