
Децата уште од мали имаат страв од лекари па затоа ова потсвесно влијае кај секоја девојка, особено затоа што гинеколошкиот преглед е поприлично интимен преглед.
Многупати жените ги избегнуваат гинеколошките прегледи поради тоа што во буквална смисла мислат дека одат на колење.
Но, не секогаш мора да е така. Зошто девојките не сакаат да го посетат гинекологот, иако знаат дека тоа е важно по нивното здравје?
При самиот преглед, мускулите на вагината се згрчуваат, но тоа не се случува само поради прегледот, туку поради стравот од лоши резултати. Мускулите така реагираат при ставање на тампон, при пенетрација, а уште повеќе се грчат кога ќе видат како изгледа инструментот со кој треба да им се земе брис од внатрешноста на вагината.
Девојките се свесни дека постојат голем број на бактерии, што може не ги добиле преку сексуален однос, а кои можат да влијаат за зголемување на некој проблем.
Земањето брис исто така го зголемува тој страв, а чекањето неколку дена за резултатите, кои ќе обелоденат дали постои некаков проблем, е неподносливо.
Понекогаш дури и самиот гинеколог може да биде причина за стравот од гинеколошкиот преглед. Секако дека докторите сакаат да воспостават добар однос со пациентите, за да можат тие полесно да се отворат и да не се чувствуваат непријатно, но ретко успеваат во тоа.
Децата уште од мали имаат страв од лекари па затоа ова потсвесно влијае кај секоја девојка, особено затоа што гинеколошкиот преглед е поприлично интимен преглед.
Докторите не треба да се однесуваат со пациентите како со уште еден закажан преглед, туку како со личности кои слободно ќе можат да кажат какви проблеми имаат. Гинеколозите треба внимателно да ги слушаат своите пациенти бидејќи ова е деликатна тема за секоја девојка.
Стравот уште повеќе се зголемува доколку гинекологот постави погрешна дијагноза.
Девојките и без тоа се плашат од најмалите инфекции како што е кандидата, а не пак од некој поголем проблем како ХПВ или пак сознанието дека девојката можеби е бремена.
Често се случува, гинеколозите да препишат погрешни лекови кои на крај уште повеќе ќе ја влошат состојбата, што можеби не е ни зачната.
.gif)






















.gif)























