
Губењето на течност од организмот може да доведе до дехидрација на организмот што е уште една причина за појавувањето на болката.
Менструалниот циклус е различен кај секоја девојка. Кај некои проаѓа без да се појават никакви болки, а кај други пак, болките се толку јаки, што во тие моменти се губи дури и желбата за постоење.
Преку глава ли ви е од пиењето јаки апчиња секој месец?
Ние ви нудиме неколку методи за целосно или пак делумно отстранување на болката и тоа на природен начин.
Чај од ментол
Ментол е познат по тоа што ги намалува болките. Топлиот чај ќе го затопли долниот дел од стомакот, ќе ги опушти мускулите и со тоа ќе исчезне болката.
Медитација
Обидете се да опуштите и да мислите на нешто позитивно, а не на болката. Чувствата играат голема улога во менување на расположението, така што доколку ги оддалечите мислите од болката, таа ќе престане.
Вода
Пијте многу течности во текот на менструалниот циклус како и неколку дена пред него. Губењето на течност од организмот може да доведе до дехидрација на организмот што е уште една причина за појавувањето на болката.
Магнезиум
За целосно да се опуштат мускулите, на организмот му е потребен магнезиум. Интегралниот леб, интегралниот ориз, спанаќот и бананите содржат големи количини на магнезиум.
Пијалак без кофеин
Кофеинот му дава енергија на организмот, а движењето во вакви моменти може да има лошо влијание врз мускулите на матката кои за да ја снема болката, мора да се опуштат. Затоа избегнувајте кафе, чај и газирани пијалаци.
Витамини и минерали
Организмот во овие денови е најмногу исцрпен, па затоа мора да го освежиме со голема количина на витамини и минерали преку консумација на овошје и зеленчук.
Вежбање
Топла вода
Ставете шише топла вода во пределот на стомакот каде ве боли. Топлото ќе ги опушти мускулите и ќе ги намали контракциите што се причина со болката.
.gif)






















.gif)























