
Мрсната зимска исхрана, хулахопки и боди, намален имунитет поради вирусите се доволни да дојде до сврбење, зацрвенети вагинални усни или поедноставно кандида.
Постојат неколку факти поврзани со вагината, кои често или не ги знаеме или едноставно ги игнорираме.
Кои се сезонските поттикнувачи влијаат за појава на циститисот, кандидата и бактериските вагинози?
Циститис
Сезонски поттикнувач: Виното што го пиете секој викенд го дехидрира вашето тело, а тоа е главната причина за појава на циститис. Практикувањето секс пречесто, исто така важи за поттикнувач на овој тип на инфекција.
Инстантен лек: Наместо вино, прејдете на сечена вотка со сок од брусница. Брусницата е природен антибиотик што успешно се справува со инфекциите присутни во мокрачата и уретрата. Пијте многу вода и избегнувајте шеќер.
Забрана:
- Газираните пијалоци не ја гасат жедта, само уште толку ја врзуваат водата од организмот.
- Кафето и цигарите дополнително го зголемуваат печењето при мокрење.
Кандида
Сезонски поттикнувач: Мрсната зимска исхрана, хулахопки и боди, намален имунитет поради вирусите се доволни да дојде до сврбење, зацрвенети вагинални усни или поедноставно кандида.
Инстантен лек: Наполнете ја кадата со не многу жешка вода, капнете неколку капки масло од чајно дрво и легнете. Чајното дрво е одличен природен анти-бактериски лек што смирува било какви иритации. Редовно пијте пробиотски ферментиран јогурт или со помош на тампон, навечер, ставете малку во вагината. Обидете се и со канестен за веднаш да ги смирите симптомите.
Забрана:
- Не облекувајте не испеглана долна облека или било каков друг материјал освен памук.
- Не користете интимни гелови за да не влијаете на pH вредноста таму долу.
Контрацепција
Сезонски поттикнувач: Изминатиот период на празници и слободни денови донесоа возбуда во секојдневието. Но, токму тоа беше причината да заборавите на кондомот, трчањето по подароци се чинеше како попаметна работа.
Инстантен лек: Купете си таблета за Ден потоа и носете ја со себе за вакви случаи. Никако не смеете да ја користите како средство за контрацепција, ниеден доктор не би ви го препорачал тоа. Ако имате навика да се заборавете со партнерот, тогаш можеби треба да размислите да ставите интраутерно средство како спирала.
Забрана:
- Да пиете таблети за контрацепција, две одеднаш мислејќи дека ќе завршат работа.
- Да трчате во тоалет и да се миете со било какво средство мислејќи дека така ќе се спасите од бременост.
Бактериски вагинози
Сезонски поттикнувач: Бактериската вагиноза настанува кога е разнишана рамнотежата помеѓу добрите и лошите бактерии кои ја населуваат вагината. Тоа може да се случи поради нов сексуален партнер или пак промена на повеќе партнери.
Инстантен лек: Задолжително посетете го гинекологот кој ќе ви препише таблети или пак крема. Редовно мијте го пределот каде ве чеша и користете продукти на база на зелен чај и билни екстракти.
Забрана:
- За секс. Извесен период престанете да бидете сексуално активни и ограничете го бројот на партнери.
- За престанување на користење на сите препишани лекови. Користете ги дури и кога симптомите ќе поминат.
.gif)






















.gif)























