na_masa_tancuvaИ сексот носи последици
Не значи дека ако е убаво треба да се претерува.
golemahranaНадитрете го апетитот!
Пред месечниот циклус и по караниците со партнерот ви се чини дека продуктите би ги изеле со се пакување?
se_tegneПилатес-вежби за загревање - прв дел
Најпопуларен начин за вежбање во целиот свет дефинитивно е пилатесот.
kombinira5 лековити комбинации на храна
Истоштени сте и без енергија? Време е за леблебија и црвена пиперка!

Сексот во вода- ризичен или не?

voda1

Меѓутоа ако користите кондоми, имајте на ум дека мора партнерот да го стави пред да влезете во вода.

Сексот во вода звучи како навистина убав зачин на вашиот сексуален живот.

Сонце, вода, плажа, коктели.. Совршено зар не? Возбудата е поголема, а вашиот кревет е заменет со недогледното море. Брановите ја надополнуваат атмосферата, а адреналинот речиси и да го достигна плафонот. Копнеете по тоа незаборавно искуство кое еднаш го доживевате или пак токму ова лето е вистинското за овој навидум сладок експеримент.

Но сексуалните активности во вода, од многу причини можат да бидат навистина опасни, особено за жените. Ве демне ризик од разни инфекции кои тешко се совладуваат, а заштитата со кондом станува речиси невозможна. Прочитајте ги и негативните страни, а потоа одлуката останува на вас.

Значи доколку планирате да користите кондом, би требало да знаете дека тој и не е баш најдобрата комбинација за во вода. На оваа тема не се правени многу истражувања, но она што се знае е дека топлата вода и хемикалиите (од типот на хлорот) влијаат на постојаноста и издржливоста на кондомот.

Ако веќе долго време сте пар, и вие користите пилули, тогаш нема проблем. Меѓутоа ако користите кондоми, имајте на ум дека мора партнерот да го стави пред да влезете во вода. Тоа е логично – инаку како би ставил кондом под вода?

Друг проблем е што кондомите не поднесуваат баш најдобро вода. Одредени хемикалии како на пример хлорот можат да го оштетат кондомот. Исто така постои и можност да испадне кондомот, па добро би било да имате при рака резерва.

Сигурно мислите дека цела таа дополнителна количина на течност, која ве опкружува, креира и дополнителна влажност која го олеснува сексуалниот чин. Се лажете! Водата, всушност ја испира природната лубрикација која ја создава половиот орган, што може да доведе до не така пријатен секс. Иако Силвана (29) вели: „Уживањето е максимално, токму поголемото триење ја прави повозбудлива ситуацијата, а вашиот партнер верувајте ќе полуди!“

Но ако не сте љубители на слатката болка најдоброто, што во оваа ситуација можете да го направите, е да користите силиконски лубриканти кои се водоотпорни и ќе ви овозможат многу попријатно уживање во заедничките подводни авантури.

Во море, солената вода не е баш најдобар пријател на чувствителната слузокожа. Отворени води и како река или езеро не се најдобриот пријател на жената заради ризикот од инфекции. Бањањето голи би била идеална предигра која може да продолжи на плажа.

Во базен пак постојат опасности кои овде се појавуваат, во вид на хлорирана вода која може да предизвика оштетувања и инфекции на гениталиите.

Во када сексот може да биде удобен, ако со партнерот го избегнете сапунот или слични препарати кои прават пена. Тие хемикалии кои се содржат во нив посебно влијаат на жената, која и без тоа е чувствителна. Припазите само да имате каде да се фатите за да не се лизнете при самиот чин.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?