
Болката поврзана со сексот кај мажите обично се појавува при ерекција или за време на ејакулацијата.
До болка за време на сексот може да дојде поради психички и физички проблеми. Понекогаш решението е лесно и едноставно како промена на марката на кондомите или пак некој нов вид на предигра. Но не секогаш е така едноставно. Погледнете кои се причините и подобрете го сексот!
Болен секс кај мажите
Болката поврзана со сексот кај мажите обично се појавува при ерекција или за време на ејакулацијата. Обично таа е резултат на инфекција или непријатна иритација. Причината за болка при ејакулација треба да се бара во воспалението на мочоводите или простата.
Додека пак причина за болката при ерекција, може да бидат полово преносливите болести, како што е на пример гениталниот херпес. Воспалената или презатегната кожичка на пенисот исто така може да биде причинител на болка. Ако се работи за инфекција, повеќе од сигурно е дека болката ќе престане со употребата на антибиотици.
Болен секс кај жените
Кај жените до болка најчесто доаѓа при сува вагина, што и двајцата можат да ја почувствуваат на почетокот од сексуалниот однос, додека покасно таа ќе се намали. Кога жената се возбудува, вагиналната жлезда лачи течност, која делува како лубрикант. Ако оваа течност ја нема доволно, тогаш сексот може да биде непријатен, а и многу болен.
До сувост обично доаѓа при недоволна и незадоволувачка предигра или пак поради нарушена хормонална рамнотежа. Исушеност исто така може да предизвика и земањето на антихистаминици. Овој проблем можете да го решите со употреба на соодветен лубрикант. Препорачливо е да користите лубриканти на база на вода, а не на база на петролеј затоа што таквиот може да го оштети кондомот и да доведе до разни инфекции.
Веројатно најдобриот и наједноставниот начин е оралната предигра, при која плунката на мажот ќе го навлажни вагиналниот отвор и ќе го припреми за пенетрација.
Ако вагиналната сувост се појави во периодот по менопаузата, тешкотиите најлесно ќе се отстранат со хормонска терапија..
.gif)






















.gif)























