
Промената на климата само дополнително може да ве изненади вас и вашиот организам.
Летото е на прагот, а се на што можете да се сконцентрирате е организирањето на летниот одмор. Тие 10 дена, како пратени до рајот ви се после целата напорна година. Но секогаш ве демне ризикот за невиден хорор, па така и на вашиот одмор нема знак „стоп“ за вашиот менструален циклус.
Промената на климата само дополнително може да ве изненади вас и вашиот организам, а 28-те дена до наредната менструација преку ноќ да се претворат во 17 или 35 или било која друга бројка кој може да ви го упропасти одморот.
Бањање и воспаленија
За време на менструацијата лекарите не препорачуваат бањање и пливање, бидејќи во тој период грлото на матката е малку проширено, што овозможува истекување на исцедокот, но и поголема можност за влез на микроорганизми. Исто така и тампонот не е соодветно решение, бидејќи натопен во нечиста вода и тој е извор на зарази и иритирачки инфекции.
Нечистата вода може да доведе до воспаление, кое е многу неудобно. Но ако и покрај ова не можете да издржите да не се бањате, тогаш сторете го тоа барем после четвртиот ден од менструацијата, а тампонот менувајте го редовно по излегувањето од вода.
Сончање и обилна менструација
Опасност претставува и сончањето на долниот дел од стомакот, кое може да предизвика проширување на жилите и така да дојде до посилно крвавење и исцедок.
Затоа сончајте се во раните утрински и доцните попладневни часови. Редовното туширање и хигиената се неминовни овие денови.
Одложување на менструацијата
Менструацијата можете да ја одложите за подоцна, но тоа само во консултација со вашиот гинеколог.
Ако земате таблети за контрацепција, можете со нив да го сторите тоа. Со завршување на едната табличка почнете со втората, онолку дена за колку сакате да ја одложите менструацијата. После последната таблета, за неколку дена ќе добиете менструација.
Ако не земате вакви таблети, исто така можете да ја одложите менструацијата во консултација со гинеколог. Обични таблети за менструација, препишани од него, започнете да земате недела дена пред очекуваната менструација, по една таблета на ден и земајте ги толку дена колку што сакате да ја одложите менструацијата. Таа ќе се појави 2 до 7 дена по престанокот на земање на таблетите. Ова не ве штити од бременост, туку само ја одложува менструацијата за неколку дена.
.gif)






















.gif)























