
Секое воспаление е потенцијална опасност и може да му наштети на целото тело.
Поголемиот дел од луѓето кои си дозволиле украсување на своето тело со пирсинг немаат некои поголеми проблеми. Покрај ушите, усните носот, се почесто се бушат папокот, брадавиците, срамните усни, клиторисот, а понекогаш дури и пенисот. Секое од тие подрачја е специфично, има различно време на зарастување на раната и со себе носи различни проблеми.
Помалите проблеми можете успешно да ги решите со употреба на куќната аптека, а меѓу нив спаѓаат крвавење и отоци. Општ проблем е навикнувањето на таквиот накит, бидејќи предизвикува проблеми во говорот, голтањето, облекувањето и телесните активности.
Кога ќе се одлучите да направите пирсинг, најдобро е да сте потполно здрави и трезни. Секоја болест од која е нападнато телото ќе го продолжи времето на закрепнување или во комбинација со нешто друго може да предизвика поголеми проблеми.
- Инфекцијата може да предизвика проблеми со говорот, џвакањето и голтањето, а отоците може да предизвикаат проблем со дишењето.
- Инфекцијата на брадавицата може да го оштети ткивото на аеролите, т.е. да предизвика подоцнежен проблем со доењето.
- Секое воспаление е потенцијална опасност и може да му наштети на целото тело.
- Можноста за рана е значително зголемена, што зад себе остава лоши белези или дури го оштетува мускулното и нервното ткиво.
- Со епидемијата на алергии, мора да обрнете внимание на одбирањето на материјалот од кој е направен накитот. И изборот на накитот мора да биде прилагоден на местото на кое ќе го ставите. Препорачливи се следните материјали: хируршки челик кој не рѓосува, злато, платина и титан, особено ако ова е ваш прв пирсинг.
- Накитот во устата може да предивика напукнати заби или проблем со непцата. Во случај ако се олабави накитот, може да го проголтате.
- Накитот на брадавиците на градите може да ви предизвика проблем при носењето на одреден вид облека, како и ако се занимавате со одреден спорт за кој е потребен голем физички контакт. Поради тоа раните побавно зараснуваат бидејќи цело време се подложени на иритации.
- Накитот на гениталиите може да ве повреди вас или вашиот партнер. Исто така може да предизвика пукање на кондомот, со што има ризик од несакана бременост или ризик од полови болести.
- Пирсингот на пенисот може да предизвика намалена можност за постигнување и одржување на ерекцијата т.е. да доведе до еректилна дисфункција.
- Со пирисингот може да се оштетат некои жили или живци, кога ќе го извадите пирсингот на тоа место може да остане непривлечен белег.
.gif)






















.gif)























