
Во дивата игра при предавањето на своето тело човекот губи многу течности, затоа често после партијата секс следи главоболка.
Како и при секој спорт така и при сексот важно е со себе секогаш да имате течност. Во дивата игра при предавањето на своето тело човекот губи многу течности, затоа често после партијата секс следи главоболка. Можеби не сте знаеле, но тоа е последица на дехидратација.
Секс Vs. Трчање
Потењето и црвенилото посочуваат на забрзано чукање на срцето. Пола часовно бакнување може да го забрза отчукувањето на срцето како трчање 5 километри. Разликата меѓу сексот и другите спортски активности е во количината на испиената вода. Резултатите од едно истражување покажаа дека дури 9 од 10 лица пијат вода после трчање или некој друг вид на физичка активност. Тоа укажува на несвесноста на луѓето колку сексот е исцрпувачки за телото.
Спречете ја!
За спречување на дехидратацијата после сексот се препорачува чаша млеко пред сексот како телото би обезбедило доволна количина течност како и други хранливи состојки.
Грижата за после сексот да не дојде до дехидратација е важна и поради хормоните. Дехидратацијата го кочи производството на хормони што може да доведе до проблеми со плодноста и до намалено либидо. И кај жената дехидратацијата влијае на производството на хормони и на способноста за навлажнување.
Смртно опасна дехидратација може да настане ако освен тоа што не земате течности, пред сексот пушите марихуана или сте земале екстази или некој друг вид на дрога.
.gif)






















.gif)























