
Ако дијагнозата потврди дека имате глисти, мора да се лечите вие, но и сите оние кои живеат заедно со вас во домаќинството, па дури и интимниот партнер.
Цревните глисти се тенки и бели, нешто подебели од конец и долги приближно 10 милиметри. Најчесто ги има во дебелото црево, а може да предизвикаат воспаление на вагината.
Многу луѓе ги имаат, а не се свесни за тоа. Највообичаен симптом е чешање на анусот. Глистите се најактивни за време на ноќта и на полна месечина, тогаш се движат и положуваат јајца, што предизвикува чешање.
Начин на лекување
Ако се сомневате дека имате глисти, лекарот најверојатно ќе ви советува да залепите фластер на анусот. Стручните лица обично примерокот го прегледуваат под микроскоп, за да утврдат дали има јајца од глисти. Можеби тоа ќе треба да го правите два или три дена, за да добиете точна дијагноза.
Ако дијагнозата потврди дека имате глисти, мора да се лечите вие, но и сите оние кои живеат заедно со вас во домаќинството, па дури и интимниот партнер. Глистите се пренесуваат многу едноставно, обично преку рацете. Затоа после користењето на тоалетот не заборавајте да ги измиете рацете, бидејќи само на тој начин ќе избегнете повторна зараза.
Домашен лек
Билка која ќе ви помогне во борбата против глистите е лукот. Земајте по еден резен на ден. Третиот ден испијте шолја чај од кинески цимет и нане. Чајот пригответе го така што ќе ставите половина лажица листови од кинески цимет и половина лажица нане и прелијте со шолја врела вода.
Варете го 3 до 5 минути во покриен сад. Зошто токму лук и нане?
Лукот ги слабее глистите, а чајот е диуретик кој ги исфрла. Постапката повторете ја за една недела, се со цел да се ослободите од ларвите кои во меѓувреме пораснале и уште еднаш по 2 недели.
Вагинални глисти
Од вагиналните глисти ќе се ослободите ако седите во наполнета када во која сте ставиле шолја и половина горка сол (epsomitе) на нешто помалку од 4 литри вода. Тоа треба да го повторувате 3 дена по 2 пати на ден, а влезот во вагината, анусот и делот меѓу нив мачкајте го со крем од цинк оксид. За оваа крема ви е потребен рецепт од стручно лице.
.gif)






















.gif)























