
Пронајдете ја положбата во кое вашето тело ќе се чувствува најдобро, а понекогаш и нежна масажа на стомакот може да помогне.
Повторно дојдоа тие денови од месецот, кога не можете да се исправите од болка. Би сториле се само за да го спречите тоа страшно чувство во пределот на стомакот.
Сето тоа го предизвикуваат грчевите во матката. Послушајте ги нашите совети и олеснете си ги тие денови од месецот.
- Било какво движење, особено умерено, бидејќи интензивните вежби нема да ви одговараат поради јаките грчеви, ќе помогне за зголемен проток на крв и подобро чувство. Исто така, сексот за време на менструацијата е одличен избор, оргазмот ќе ве расположи и барем привремено ќе ја отстрани болката. Препорачливо е да пробате пешачење, пливање или возење велосипед. Длабокото дишење и опуштањето при вежбањето е клуч за намалување на менструалните болки.
- Иако контрацепциските пилули имаат некои непосакувани нус појави, докторите неретко им ги препишуваат на жените кои се соочуваат со болни менструации. Поради хормоните кои ги содржат , особено нивната комбинација тие ја намалуваат болката, обилноста и должината на менструацијата кај многу корисници. Исто така можете да се обидете и со нормални таблети за ублажување на болки. Тоа значи да не чекате огромни грчеви и болки за да не можете да се поместите од креветот, туку кога ќе започне болката веднаш да земете таблетка. Тоа ќе го спречи развојот на силна болка. За почеток земете послаби таблети, нормално во консултација со вашиот лекар.
Совет плус: Пронајдете ја положбата во кое вашето тело ќе се чувствува најдобро, а понекогаш и нежна масажа на стомакот може да помогне. Исто така потпрете се на природните лекови за болна менструација како избегнување на мрсна храна, консумирање на витамин Б и лимонска трева, пијте чај од рибизла, јасмин и камилица и слично.
.gif)






















.gif)























