
Пред да одлучите што е најдобро за вас, важно е да знаете какви контрацептивни методи се достапни кај нас.
Сите контрацептивни методи не се исти. Секоја жена е различна, па така мора да поразговарате со вашиот гинеколог за контрацепција и дознајте која метода е најдобра за вас.
Важно е да разберете дека не постои контрацептивна метода која и одговара на секоја жена. Пред да одлучите што е најдобро за вас, важно е да знаете какви контрацептивни методи се достапни кај нас. Информирајте и разговарајте со твојот гинеколог. Тој ќе ви помогне да дознаете која метода е најсоодветна за вас.
Заштитете се!
Хормонските методи се најпознати форми на контрацепција. Делуваат по пат на повеќе механизми. Доколку се употребуваат правилно, сите хормонски контрацептивни средства се високо ефикасни во превенција на непланирана бременост.
Еден од методите е комбинирана хормонска дневна таблета, што содржи естроген и прогестоген. Другиот начин пак е со хормонски интраутерин систем. Тоа е мала направа позната како хормонска спирала, која се става во матката каде се ослободува прогестоген. Делува во период од 5 години.
Ако не сте љубител на хормонските методи, постојат и такви методи кои не содржат хормони, тоа се т.н. бариерни методи. Тие спречуваат сперматозоидите да дојдат до јајце-клетката. Некои бариерни методи штитат од сексуално преносливи инфекции. Најпозната бариерна метода е машкиот кондом.
Шокантни статистики:
Над 61 процент од жените во Македонија никогаш не користеле никакво средство за контрацепција, а во моментов контрацепција користат само 24 проценти.
Од нив 17 проценти употребуваат кондом за партнерот, а само 1,6 проценти антибеби пилули.
Испитувањето покажало дека 24 проценти од испитаничките имале по еден абортус, а еден процент од нив имале и по девет абортуси.
Тринаесетгодишно девојче е најмалата родилка евидентирана на Клиниката за гинекологија во Македонија, која на свет донела дете.
Oд 210 милиони бремености годишно во светот, 17 милиони завршуваат со абортуси.
.gif)






















.gif)























