
ПМС може да ги влоши симптомите на некои хронични заболувања, вклучувајќи: астма и алергии и мигрена.
Веќе говоревме за симптомите и појавата на предменструланиот циклус (ПМС). Но дали знаете дали симптомите се навистина ПМС или се показател за некоја друга болест? Дали има нешто полошо од ПМС?
Прочитајте во продолжение.
Како ПМС влијае врз другите состојби на организмот?
ПМС може да ги влоши симптомите на некои хронични заболувања, вклучувајќи:
астма и алергии,
депресија и анксиозност,
некои нарушувања,
мигрена.
Во овој случај кажете му на вашиот специјалист дека состојбата ви се влошува пред периодот.
ПМС или нешто друго?
Симптомите на ПМС можат да бидат слични или да се поклопуваат со други услови, вклучувајќи:
периодот пред менопаузата,
депресија или анксиозност,
синдром на хроничен замор,
болест на тироидната жлезда.
Клучната разлика е што ПМС симптомите доаѓаат и си одат по посебен образец, месец по месец.
Дијагноза на ПМС: Како да ги пратите симптомите?
За да откриете дали имате ПМС, пратете ги вашите симптоми:
Симптомите се случуваат 5 дена пред вашиот период.
Кога ќе започне вашиот период, симптомите исчезнуваат за 4 дена.
Симптомите се враќаат за најмалку еднаш на три менструални циклуси.
Кога се работи за предменструално нарушување?
Предменструалното нарушување е слично на ПМС, но симптомите се поистакнати. Овие жени може да добиваат напади на паника, самоубиствени мисли, несоница или други проблеми кои им влијаат на секојдневниот живот.
За среќа, многу од работите против ПМС влијаат и против ваквите нарушувања. Ризичен фактор за оваа појава е и семејната историја на депресија, пореметувања во расположението или некоја траума.
.gif)






















.gif)























