
Гинеколозите тврдат дека пилулите не влијаат на стерилитот.
Кај повеќето жени стравот од нескана бременост и оралната контрацепција, која ја применуваат за таа цел, им задаваат толку многу главоболки што не останува простор за задоволството. Но, сега е вистинско време да се опуштат бидејќи гинеколозите имаат добри вести за оралната контрацепција, односно за познатите анти-бебе пилули.
Нивната примена е едноставна што подразбира примање на таблетката навреме, и во повеќето случаи е ефикасна. Освен тоа, гинеколозите тврдат дека не влијаат на стерилитетот и здравјето на женскиот организам, во целина.
Ако сте здрави, можете да ги користите во континуитет и до 10 години или до посакуваната бременост, секако, со редовни гинеколошки прегледи. А, исто така, оралната контрацепција го ублажува болниот месечен циклус и заштитува и од рак на матката и јајниците.
Нормализација на ПМС
Оралната контрацепција ги ублажува болките во предменструалниот циклус, на кои се жалат дури 20 % од женската поулација. Исто така, тие позитивно влијаат на промените на расположението кои се еден од помалку посакуваните синдроми на циклусот. Причина за тоа се компонентите кои се содржат во пилулите, односно хормоните кои го подигнуваат нивото на бета – ендорфин или познат како хормон на среќа. Овие компоненти кајповеќето жени го нормализираат апетитот, што подразбира и нормализација на телесната тежина и ја смируваат нервозата.
Пилулите се добредојдени за хормонската рамнотежана организмот што позитивно влијае, не само на периодот на ПМС, туку и на самиот менструален циклус.
Не постои закана за стерилитет
Пилулите немаат никаква поврзаност со стерилитетот. По прекинувањето на нивната употреба, можноста за зачнување останува непроменета како и пред нивната употреба и воедно не претставуваат никаква закана за бременоста или сигурноста на плодот.
Штитат од рак
Неодамнешните истражувања потврдиле дека пилулите ги намалуваат можностите за рак на ѕидовите на матката или јајниците.
Бидете претпазливи
Употребата на пилулите има само едно нескано дејство, а тоа е појава на венска тромбоемболија (ВТЕ). Оваа компликација е многу ретка, но сериозна, а на удар се жените пушачи и жените со прекумерна телесна тежина.
Пред да се одлучите за оралната контрацепција како чувар на вашето здравје, задолжително консултирајте се со вашиот гинеколог кој ќе ве насочи кон правилната употреба и ќе ви помогне во следењето на евентуалните негативни промени во организмот.
.gif)






















.gif)























