red_grapefruitГрејпфрут – витамин Ц во свежа форма
Идеално овошје за започнување на пролетното чистење на организмот.
aerobicСо вежби до подобро расположение
За секој проблем постои поединечен спорт!
woman_child_dog4 навики што може да ве разболат!
Старите навики во домот се причина за голем број нови алергиски болести!
pigi113 забавни цитати за храната
„Мојот доктор ми кажа да престанам да имам интимни вечери за 4, освен ако таму нема уште 3 луѓе.“

Прекинувањето на половиот однос е лоша контрацепција!

jard

Истражувањата покажуваат дека овој начин за заштита од несакана бременост е најомилен во Италија.

Страстите со вашиот партнер ненадејно се разгореа, а во фиоката го нема оној последен кондом на кој се надевавте. Жешката атмосфера повторно ве натера на таа одлука и овој пат прекинувањето на сексуалниот однос да го искористите како метод на контрацепција.

Овој начин на контрацепција се практикува уште од времето на Хебрејците. Сексуалниот чин се прекинува во моментот кога се приближува ејакулацијата, а машкото се трга и ејакулира по партнерката или поред неа.

Ризикот е голем

Но од сите методи на контрацепција, ова е оној на кој најмалку смеете да се потпрете. Во дури 20 проценти од случаите тој е неуспешен. Главна причина за ова е предсемената течност која се излачува во текот на половиот однос, без мажот да биде свесен за тоа и без да се обиде да ги задржи сперматозоидите.

Бројот на сперматозоиди во оваа течност е уште поголем ако мажот неодамна ејакулирал и секој од нив може да се упати на пат кон матката пред вашиот партнер да доживее оргазам. Освен тоа, при користењето на прекинот на сексот како метод на контрацепција потребна е голема способност за самоконтрола кај мажот. Младите и неискусни машки често во моментот на екстаза не се повлекуваат на време.

Италијаните го обожаваат

Истражувањата покажуваат дека овој начин за заштита од несакана бременост е најомилен во Италија, Турција и во западна Азија, а со текот на годините неговата актуелност опаѓа за сметка на се поголемиот број нови контрацептивни средства.

Едно истражување во Иран покажало дека подрачјата каде се применува овој метод немаат поголем процент на наталитет, бидејќи за тоа има многу дополнителни фактори како женскиот циклус за време на кој варира плодноста.

За и против

Предноста на оваа техника е што двајцата партнери можат да искусат потполно задоволство, но и подоцна и да ги споделат фрустрациите за ненавременото прекинување на половиот однос и несаканото зачнување.

Сигурно и вие сакате вашиот партнер да остане во вас што повеќе, а тоа може страшно да го занесе.

Предност е и тоа што нема внесување дополнителна количина на хормони во женското тело, како што е случајот со контрацепциските таблети на пример или пак можноста за предизвикување на алергија од кондомот.

Лошата страна е тоа што не сте заштитени од сексуално преносливи болести..

Што кога е предоцна?

Сперматозоидите во семената течност се движат многу брзо и веднаш допираат до женските јајце клетки. Можноста за бременост е многу голема во средината на циклусот, односно во времето на овулацијата, па затоа било каква мерка после неуспешното прекинување на односот најверојатно ќе биде неуспешна. Испирањето со вода потоа, па дури и со лимонов сок како што велат некои, е повеќе од сигурно дека ќе биде неуспешно.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?