
Иако процентот е мал, сепак постои опасност да се заразите од ХИВ преку орален секс.
Балканскиот менталитет и трач партиите направија вашиот најдобар другар повторно да ви се пофали како му се посреќило изминатиот викенд во тоалетот од дискотеката. На шанкот потпрена со неколку другарки стоела таа, со која многу наскоро размениле нежности и бакнежи, а бргу потоа се нашле заклучени во тоалетот.
Но девојката била премногу исплашена од полово преносливи болести за да има со некој секс од прва вечер, па затоа „само“ орално го задоволила. Па тука нема од двете зла помалото, и оралниот секс може да ве чини живот!
Преку орален секс сепак има ризик да се заразите со: хепатитис, сифилис, гонореја (трипер) или генитален херпес. Постои дури и опасност да се заразите со ХИВ вирусот, кој ја предизвикува неизлечивата болест сида. Ризикот е помал отколку кај класичниот секс, но сепак постои!
Опасност од ХИВ!
Веќе сигурно сте запознаени со оваа проблематика, но дали знаевте дека опасноста за хетеросексуалниот маж да се зарази е поголема ако жената со која има полов однос има менструација во моментот? ХИВ вирусот е поконцентриран во крвта, за разлика од спермата или предсемената течност.
Иако процентот е мал, сепак постои опасност да се заразите од ХИВ преку орален секс. Оваа опасност е помала кај оние кои имаат здрави и неоштетени усни, непца и усна шуплина. Нормално, ризикот е поголем кога мажот сака да ејакулира во устата на жената.
Опасност од херпес!
Херпесот лесно се пренесува од генталиите на устата, особено кај незаштитениот орален секс. Постојат 2 вида: херпес симплекс вирус 1 и херпес симплекс вирус 2.
Првиот обично се јавува на устата, а вториот на половите органи.
Херпесот е многу лош бидејќи може да го пренесе личност која нема видливи надворешни знаци на заразеност. Можноста за заразување се намалува значително кога ќе помине најзаразителниот дел од болеста.
За време на орален секс тешко ќе се заразите со гонореја или сифилис и добрата вест е што можат да се излечат потполно со антибиотици, додека ако херпесот се појави во хроничен облик е навистина тешко да се нормализира ситуацијата.
Совети:
- Некои експерти советуваат барем еден час пред оралниот секс да не ги миете забите, бидејќи четкањето може да предизвика благо крварење на непцата.
- Пред да започнете со орален секс, прегледајте ги гениталиите на личноста со која одите во кревет. Звучи непрактично, но оваа постапка ќе ви скрати многу негативни последици, особено ако тој не е ваш постојан партнер.
- Потрудете се никогаш да не се откажете од кондомот пред двајцата да се тестирате, здравјето е секогаш најважно!
.gif)






















.gif)























