
Сексуалните активности и оргазмот го намалуваат стресот, што се должи на порастот на окситоцин во крвта.
Дама на улица, лавица во креветот, ви е одамна познато. Редовниот оргазам ви ја јакне врската и го зацврстува егото на вашиот партнер. Тоа е забавно, бесплатно и вистинско задоволство со кое можете да горите калории и да го намалите стресот.
Информирајте се кои се топ 5 придобивките од оргазмот според секс терапевтот Lou Paget:
Оргазмот ви ги чува гениталиите здрави!
Екстра стимулацијата предизвикува проток на крв во гениталната зона и ја одржува еластична и свежа. За најдобри резултати, потребно е да имате оргазам најмалку еднаш неделно. Но што кога ви е периодот од месецот?
Студиите покажуваат дека оргазмот за време на менструација штити од ендометриоза, потенцијална опасна состојба во матката која може да доведе до неплодност.
Оргазмот е моќен олеснувач на болката!
Некои студии покажуваат дека оргазмот може да го дуплира прагот на толеранција на болка кај жените. Плус, тој делува како аналгетик, а не анастезија што значи дека ја потиснува болката без да влијае на осетливоста на допир, што е неопходна состојка кога сексот е на менито.
Оргазмот го намалува стресот!
Сексуалните активности и оргазмот го намалуваат стресот, што се должи на порастот на окситоцин во крвта, хормон кој се лачи за време на оргазмот.
Исто така студиите покажуваат дека сексот го намалува крвниот притисок, барем кај жените, а знаете дека високиот крвен притисок може да предизвика инфаркт.
Оргазмот ви помага подобро да спиете!
Во прилог на зголемувањето на довербата, приврзаноста и врските, окситоцинот повлекува низа настани во крвта, вклучувајќи и ослободување на други полезни хормони како ендорфинот. Тој има седативно дејство, па не е ни чудно што после одличен секс следува мирен, сладок сон.
Оргазмот помага да останете во форма и да губите килограми!
Ако се фрлите во акција 30 минути, не само што ќе го загреете партнерот, туку и ќе горите калории.
Според некои проценки можете да согорите 200 калории со жешка и динамична пола-часовна сесија (во кој се надевме ќе бидат вклучени еден или повеќе оргазми).
.gif)






















.gif)























