
Една 23 годишна девојка се обратила кај Debby Herbenick, инструкторот за сексуално здравје, со проблемот дека никогаш не доживеала оргазам.
Вашата мајка сигурно не го користеше пред вас отворено зборот „вагина“, а денес изгледа како да се рушат бариерите, но според секс експертите девојките многу малку знаат за своето сексуално здравје. Дури и во отворен разговор со пријателките постојат прашања кои не би ги поставиле, па затоа ние ви ги даваме одговорите со совети од експертите за вашите засрамувачки секс прашања.
„Како знам дека имам оргазам?“
Верувале или не, колку и смешно да ви звучи, ова е најчесто поставуваното прашање од жените кај докторите. Оргазмот е нешто за кое младите жени ретко дискутираат, па дури и со пријателките, бидејќи ова прашање би ги направило да изгледаат „лоши во сексот“.
Една 23 годишна девојка се обратила кај Debby Herbenick, инструкторот за сексуално здравје, со проблемот дека никогаш не доживеала оргазам и сака да знае што е проблемот со неа, кога нејзините пријателки доживуваат оргазми цело време.
Прво треба да се знае дека жените многу пати се лажат меѓу себе на оваа тема! Па еве ја големата вистина: За оргазмот потребно е време и вежбање. И не, не значи дека кога ќе доживеете ќе се катапултирате во друга димензија и ќе гледате виножита, но сепак постои разлика меѓу задоволството од тоа што сте интимни со некој и задоволството при оргазам. Кога ќе го доживеете, најверојатно ќе знаете, вели доктор Debby.
„Колку бел исцедок (бело прање) од вагината и со каква боја е нормално?“
Многу жени се опседнати со ова, тие мислат дека секоја количина на бел исцедок е знак за инфекција, но реално тоа само покажува дека вагината се чисти сама и тоа е начинот на кој треба да функционира.
Белиот исцедок треба да биде чист, речиси проѕирен или многу светло жолт и не треба да биде леплив или да има лош мирис.
И запомнете, без разлика дали вашиот исцедок е нормален или не, никогаш не се обидувајте да ги поштедите вашите гаќички со носење на дневни влошки, тие само ја задржуваат влагата таму долу. Тогаш телото чувствува дека нешто не е во ред и праќа сигнали за поголемо празнење за да се обиде да го расчисти проблемот.
Носете памучна долна облека и менувајте ја често ако е потребно и оставете го вашето тело да се погрижи за бизнисот.
„Ми растат поткожни влакна, кога ги депилирам или бричам препоните. Што правам погрешно?“
За да ја спречите појавата на поткожни влакна и да ги третирате, препорачлива е редовна ексфолијација. Секој ден чистете го подрачјето со специјални козметички средства кои содржат салицилна киселина и потоа исплакнете.
Кога ќе се бричите користете ново бикче и одете во насока спротивна на растот на влакната, за тие да бидат поцврсти и да не се задржуваат под кожата. На крај нанесете алое вера гел за да го смирите местото.
За депилација посетете професионалец, но тука шансата за појава на поткожни влакна е дури и поголема отколку кај бричењето, како резултат на неправилното нанесување и влечење на лентите со восок.
.gif)






















.gif)























