
Сексот ги јакне вашите мускули, а женското тело за време на секс произведува два пати повеќе естроген, кој ја поттикнува синтезата на колагенот.
Фатете го партнерот за рака и правец меѓу чаршафите, одберете го најзабавниот начин да бидете подолговечни, поубави, поздрави и посреќни. Продолжете си го животот за 8 години и намалете го ризикот од инфаркт на половина.
Еве што кажаа истражувањата:
За подолго да живеете!
Според едно неодамнешно истражување откриено е дека сексот го продолжува животот за десет или дури дванаесет години. Сексуално неактивните луѓе докажано умираат порано.
Кај луѓето кои често имаат оргазми смртноста е два пати помала отколку кај оние луѓе на иста возраст кои тоа го доживуваат секоја престапна година.
Ако имате барем 100 оргазми годишно ќе си го продолжите животниот век за 8 години.
За да бидете посреќни!
За време на сексот во вашиот мозок забрзано се лачи голема количина на ендорфин, хормонот за среќа, кој го намалува стресот и создава чувство на еуфорија.
Непосредно пред врвот на задоволството нивото на хормонот окситоцин се зголемува 5 пати, а последица на тоа е излачување големо количество на ендорфин, кои ги ублажува главоболките, артритисот, мигрената и слично. Мигрената се ублажува и поради намалениот притисок во главата за време на сексот.
Сексот ќе ве поврзе со партнерот, ќе ве направи посамоуверени, позитивни и оптимистички настроени.
Едно истражување докажа дури дека спермата делува како антидепресив, а друго дека жените кои имаат секс без кондом покажуваат помали знаци на склоност кон депресија, за разлика од оние кои имаат со кондом.
Сексот на чувството за среќа влијае повеќе отколку парите! Исто така луѓето со добар сексуален живот имаат поубав сон.
NotForMen препорака: Секс против главоболка
За да бидете поубави!
Сексот е сличен на спортот, бидејќи е исто така физичка активност при која трошите енергија. За само една партија секс телото троши и до 400 калории, што може да се спореди со половина час трчање на справа за фитнес.
| 400 калории се согоруваат при една партија секс |
Сексот ги јакне вашите мускули, а женското тело за време на секс произведува два пати повеќе естроген, кој ја поттикнува синтезата на колагенот. Покрај меката кожа, ќе имате и сјајна коса.
За време на половата активност имате зголемено излачување на феромони, кои потсвесно го привлекуваат спротивниот пол.
За да бидете поздрави!
За време на сексуалниот однос отчукувањата на срцето се забрзуваат и од 70 можат да се покачат дури и на 150 отчукувања. Затоа ова е совршен кардио тренинг.
Ако се посветите на секс 3 пати неделно ќе ја намалите можноста за срцев удар за 50 проценти.
За време на сексот се интензивира дишењето, па и крвта во телото е побогата со кислород. Повеќе секс значи помалку настинки, бидејќи неколку полови односи во неделата го зголемуваат производството на имуноглобинот, кој ја јакне имунолошката способност и до 30 проценти.
Естрогенот кој се лачи кај жените на краток рок го штити срцето, а на долг ја намалува можноста за појава на Алцхајмерова болест и остеопороза.
.gif)






















.gif)























