
Тука се и алтернативните методи како: миење со чај од камилица, ставање на тампон натопен во јогурт, кој треба да отстои во текот на ноќта во вагината.
Кандидијазата се јавува дури кај 75 проценти од жените, а кај 50 проценти од нив дури и повеќе пати во животот. И мажите не се потполно имуни на неа.
Оваа габична инфекција се манифестира со густ бел исцедок, па дури и парчиња слични на снегулки. Силно чешање и пецкање е она што ќе ви го распие денот. Кај мажите се јавува пецкање при уринирањето и црвен осип. Сето тоа кај двата пола е пропратено со силен и непријатен мирис.
Кога ќе видите вакви симптоми веднаш појдете на гинеколог и задолжително лечете се и вие и партнерот, така заразата нема повторно да ви биде пренесена.
Сите причини за кандидијаза:
Стрес и психички потешкотии, тесна облека и долна облека од непријатни материјали, влажни костуми за капење, употреба на влошки за време на менструацијата и употреба на секојдневни влошки, употреба на мирисни сапуни, марамици и дезодоранси во пределот на гениталиите, прекумерно миење на гениталиите кое го одмива заштитниот слој, еднолична исхрана и зголемено ниво на шеќер во крвта.
NotForMen препорака: Кандида, габична инфекција на женските полови органи
Методи на лечење
Зависно од тоа колку е силна инфекцијата, вашиот гинеколог ќе одлучи за времетраењето на лекувањето. Кандидијазата обично се лечи од 3 до 14 дена, но има случи кога лекувањето трае и подолго. Вагиналети или креми е она што ќе ви биде препишано (Canesten, Gyno-Daktarin, Ecalin, Nistatin).
Исто така доста успешно е лечењето со капсули (Diflucan, Diflazon, Sporanox) кои ги пиете, бидејќи резултатите се гледаат после само еден ден земање.
Како најуспешно да се лекувате ќе ви каже вашиот доктор, но најважно од се е лекувањето да не го прекинете прерано, дури иако симптомите се повлечени, бидејќи инфекцијата може брзо да се поврати.
Некои производи за лекување можете да ги купите и без рецепт како на пример Canesten маста, која е наменета за надворешна употреба и можете да ја употребувате заедно со партнерот. На располагање имате и различни вагиналети кои даваат резултати за само неколку дена.
Тука се и алтернативните методи како: миење со чај од камилица, ставање на тампон натопен во јогурт, кој треба да отстои во текот на ноќта во вагината. Ова повторувајте го околу 7 дена и инфекцијата ќе исчезне.
И трудниците се подложни на оваа инфекција, но во првото тримесечје кај нив е ограничен бројот на лекарства кои треба да ги земаат, затоа најдобро е да се посоветуваат со својот гинеколог.
.gif)






















.gif)























