
Трудните жени треба да престанат со пушењето бидејќи тоа го зголемува ризикот за губење на фетусот.
Како се почесто да слушаме вести за нечиј спонтан абортус, а овие непосакувани ситуации се траума за психата на секоја идна мајка и трагедија која силно удира по парот, кој е засегнат од тоа. Спонтан абортус е непосакуван прекин на бременоста пред 24-тата недела, кога плодот е полесен од 500 грама.
Причината за ова е често непозната и се посочува на некои случајни неправилности во развојот на плодот. Иако грубо, тоа е природен начин кој спречува раѓање на дете со генетска грешка. Има и голем број на жени кои спонтаниот абортус го доживуваат како задоцнета менструација бидејќи не ги ни забележале знаците на бременоста.
NotForMen препорака: Компликации од абортус
Болестите исто така може да влијаат на бременоста многу, а најкритична е дијабетесот. Трудниците нивото на шеќер во крвта треба да го држат под постојан надзор бидејќи било каква отстапка носи ризик за спонтан абортус.
Голем ризик за плодот е и ако мајката има проблеми со тироидната жлезда, има полицистични јајници или висок крвен притисок. Во раната бременост може да дојде до срцев удар кај детето поради мајчината тромбофилија.
Многу трудници стравуваат од спонтан абортус, но тоа се случува само во 0,3 проценти од сите бремености и во 1 процент од вторите бремености.
Жените не треба да стравуваат дека тоа ќе им се повтори и бременоста после абортус да им е кошмар, ниту да чувствуваат вина. Во повеќето случаи жените не можат да го спречат спонтаниот абортус, но секако можат да го намалат ризикот за неговото настанување.
Еве како да превенирате:
Внимателно со гасовите и лекарствата!
Опасни се и гасовите како арсен, формалдехид, бензен и етилен диоксид. Затоа за време на бременоста не се прават рендгенски прегледи.
Лекови за време на бременоста не смеат да се земаат на своја рака, туку само со консултација со лекар.
Консултации со лекар!
Хронично болните жени од дијабетес или тироидна жлезда на пример треба да ја планираат бременоста по совети од лекарот. Кај некои жени се јавува т.н. имунолошко отфрлање на плодот кое вклучува создавање на антитела, кои плодот го опишуваат како непознато тело и го напаѓаат. Лечењето на овие случаи за жал уште е непознато.
Оптимизам!
Еден од главните начини за спречување на ваквите абортуси е одморот, постојна поддршка од партнерот и блиските и позитивниот однос кон животот.
.gif)





























.gif)























