
Од нечиста тоалетна школка постои мал ризик да добиете стафилококна инфекција, која може да доведе до иритација на кожата.
Забременила за време на менструација или се заразила со ХИВ вирус од тоалетна школка во ресторан, која од овие приказни може да биде точна? Еве ги вашите засрамувачки секс прашања одговорени, дознајте!
Зошто добивам вагинални инфекции кога сум во врска?
За време на секс, пенисот на вашиот партнер може да ги турне ректалните бактерии од близината на вашиот вагинален отвор во уретрата (мочниот канал).
Но миењето на гениталната област со сапун пред да имате односи може да ги убие бактериите. Миењето после секс исто така ќе помогне.
Дали може да се заразам со нешто од тоалетна школка?
Не можете да добиете генитален херпес или ХИВ бидејќи тие не можат да преживеат надвор од телото, но постои мал ризик да добиете стафилококна инфекција, која може да доведе до иритација на кожата.
И ако вашите раце дојдат во контакт со бактериите во загадениот тоалет и потоа си ги допрете очите, носот или устата бактериите можат да добијат пристап до вашето тело, предизвикувајќи дијареа.
За да се одбраните од токсините мијте ги рацете со сапун и топла вода после посетата на тоалетот во ресторанот и задолжително бришете ја тоалетната школка или ставајте хартија.
NotForMen препорака: Одговор за оргазмот, белиот исцедок и поткожните влакна!
Дали обилната менструација може да ме направи анемична?
Да! Всушност најчестата причина за анемија кај младите жени е обилното менструално крварење кое трае 5 или повеќе дена секој месец. Тоа ве спречува да го користите вашето железо и да се формираат доволно црвени крвни зрнца кој го пренесуваат кислородот низ телото.
Жените со анемија страдаат од постојан умор и може да изгледаат невообичаено бледи.
Тест на крвта ќе одреди дали имате ниско ниво на железо и ако е така вашиот доктор ќе ви препише суплементи. Докторите советуваат жените кои имаат обилна менструација да намалат со кафето, црниот чај и безалкохолните пијалаци, кои можат да ја намалат вашата способност да го апсорбирате железото.
Дали може да забременам за време на менструација?
Постои мал ризик, особено ако вашиот циклус е краток, што значи добивате менструација на секој 21, 22 дена наместо на просечните 28.
Повеќето сперматозоиди можат да живеат 4 или 5 дена. Обично овулацијата е околу 2 недели откако ќе ви започне менструацијата, долго откако сперматозоидите се мртви. Но кај краткиот циклус, може овулацијата да биде само неколку дена откако периодот ќе ви заврши , додека сперматозоидите се уште живи правејќи го оплодувањето можно.
Затоа ако имате секс за време на менструацијата и не користите контрацептивни таблети најдобро е да користите заштита како кондом.
.gif)






















.gif)























