
Една од најсилните причина за аноргазмија можат да бидат кавгите и незадоволството надвор од креветот.
Некои жени никогаш не го доживуваат големото О, а сета таа празнина меѓу чаршафите прави да се чувствуваат лошо.
ДЕФИНИЦИЈА: Психогена аноргазмија е израз за неспособноста на жената да доживее оргазам од било каков облик со маж.
Кога се работи за најекстремниот облик на психогена аноргазмија при постигувањето оргазам не помага ниту стимулирањето на клиторисот. Нема резултати ниту од секс позите каде жената без проблем може да досегне до својот клиторис и да ги стимулира за време на пенетрацијата.
Значи не се мисли на жена која и е непријатно и се срами да го стори тоа, туку за жена коа го прави тоа, а сепак не го достигнува врвот. Таквите жени не знаат доволно да се опуштат, имаат психолошки кочници и во сексот со маж не уживаат онака како би требало, па така имаат секс без оргазам.
Причините за ова не се нешто површно кое настанало преку ноќ и треба да се побараат во минатото на таа жена.
ПРИЧИНА1: ПАРТНЕРОТ
Една од причините за недоживување на оргазам може да биде сексот во несоодветни услови, стравот од изненадувања или бременост, партнеровата полова грубост, женското незадоволство од неговиот однос воопшто, како тоа дека ја занемарува, па дури и неговиот алкохолизам.
Една од најсилните причина за аноргазмија можат да бидат кавгите и незадоволството надвор од креветот, кои се трупаат и предизвикуваат стрес и лошо расположение, што води до лош сексуален живот. Оргазмите најпрво се ретки, а со време и целосно изостануваат.
NotForMen препорака: Сакам да доживеам оргазам!
Премалата желба за партнерот која може да се јави поради недовербата во него или поради тоа што со годините се променил, ја занемарил и започнал да се однесува егоистично во креветот исто така е силна причина. Понекогаш може да се работи дури и за латентна хомосексуалност кај жената која не сака да си го признае тоа себе.
Лошото искуство со еден партнер може потсвесно да се пренесе во врската со друг, што значи постигнувањето оргазам во старт е осудено на неуспех.
ПРИЧИНА2: ТРАУМИ ОД МИНАТОТО
Многу жени се несигурни во себе и патат од комплекс на помала вредност, како резултат на проблеми од минатото.
Ова може да се поврзе со некое лошо искуство со поранешен партнер кој постојано го критикувал нејзиниот физички изглед или фатил помлада и поатрактивна љубовница
ПРИЧИНА3: ПОТЧИНЕТОСТА НА МАЈКАТА
Жената која пати поради потчинетоста на својата мајка има големи потешкотии во животот со партнерот. Таа ги избегнува љубовните врски, оптоварена е со стравот од мажите и недовербата во половата љубов.
При донесувањето на одлуката за брак речиси целосно се потчинува на волјата на мајка си, а потоа во бракот го занемарува мажот и дозволува мајка и да го оцрнува и при секоја кавга трча во стариот дом во нејзината прегратка.
Поради сето ова доаѓа до аноргазмија кога жената не знае да ужива во сексот и веќе не доживува оргазам. Оваа жена и сама има лошо искуство со спротивниот пол, па така и на своите ќерки ќе им ја всади истата идеја во глава.
.gif)






















.gif)























