
За да го забрзате процесот на закрепнување ставете ладна лажица на тоа место и вртете ја лажицата во насока на стрелките од часовникот.
Можеби и вие вчера имавте страсна ноќ со партнерот, а потсетникот за тоа освен во слатките сеќавања во вашиот ум, го пронајдовте и на вашиот врат. Одразот на „шливката“ во огледалото тешко дека ви го разубави денот.
Црвените дами во различни големини и форми најчесто се стационирани на вратот, каде се изложени на туѓите погледи. Вратот е многу чувствително место за шмукање со усните, па така црвените дамки, кои се последица на љубовни гризови, предизвикани се од пукање на капилари под кожата. Тоа не е опасно, но може да биде непријатно.
Докторите велат дека тие дамки се хематоми (збирки на крв надвор од некој крвен сад). За настанување на дамките потребни се само 30 секунди интензивно цицање. Тој белег може да има црвена, виолетова, па дури и светло кафена боја.
NotForMen препорака: Што ви кажуваат неговите бакнежи?
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА „ШЛИВКИТЕ“:
Животниот век на вашиот љубовен гриз зависи од тоа колку силно вашиот партнер ви го цицал вратот. Дамките ќе исчезнат сами од себе во рок од една до две седмици.
За нивно исчезнување не постои некој чудесен лек. Ткивото заздравува во свое време, а дамките постепено избледуваат.
ЧЕКОРИ ЗА ПОБРЗО ЗАКРЕПНУВАЊЕ:
- За да го забрзате процесот на закрепнување ставете ладна лажица на тоа место и вртете ја лажицата во насока на стрелките од часовникот.
- Ставaјте ладни облоги.
- Најефикасно е ако веднаш по појавувањето на дамката, ставите мраз во крпа и го притиснете на местото на кое е дамката. Мразот ќе го намали отокот и ќе го спречи протокот на крв. Никогаш не ставајте мраз директно на дамката бидејќи може да ја влоши ситуацијата. Исто така не претерувајте со ладните облоги за да не создадете дополнителни проблеми.
- Направете си лесна масажа со која ќе ја разбиете насобраната крв.
- Практикувајте го ладно-топлиот третман. Прво со ладна облога масирајте го местото за капиларите да не крварат повеќе, а после 12 часа масирајте со пешкир натопен во топла вода за низ капиларите да протече свежа крв. Лесно можете да употребите топли и ладни вреќички чај.
- Ако ништо од ова не ви помогне, тогаш преостанува да ги покриете дамките со шал, ролка или пудра.
ЗАНИМЛИВОСТ:
Девојка во New Zealand делумно се парализирала на вратот од “шливки“ кои и ги направил нејзиниот партнер. Таа отишла во болница откако додека гледала телевизија забележала дека не може да ја движи левата рака.
Докторите заклучиле дека таа преживеала лесен мозочен удар, но биле збунети како тоа се случило. Откако пронашле мала модринка на нејзиниот врат блиску до главната артерија, заклучиле дека “шливката“ создала згрутчување на артеријата.
Лекарите изјавиле: “Љубовната дамка имала многу вшмукување. Поради физичката траума тоа вшмукување почнало да делува и одвнатре. Под модринката се наоѓаше артеријата. Проверивме во медицинска литература некаков пример на нешто слично, но никогаш не се случило „шливка“ да предизвика вакво нешто.“
.gif)






















.gif)























