kontra1Различни жени, различни контрацептивни методи
Ако не сте љубител на хормонските методи, постојат и бариерни методи.
popolnuva_formularceСовладајте ги инфекциите
Како да ги совладате честите вагинални инфекции?
exercise_in_natureСпорт - лек за 7 болести
Срце, дијабетес, мозочен удар...дознајте како спортот го намалува ризикот од овие болести?
feed_in_buthТоп-6 афродизијаци
Зајакнете го имунитетот и поттикнете ја желбата за секс со помош на вечерата.

„Бакнувачка“ болест или инфективна мононуклеоза

mono1

За спречување на ширењето на мононуклеозата треба да се избегнува контакт со плунка на индивидуи кои од неодамна прележале мононуклеоза

Мононуклеозата е заразна болест, а се вика уште и болест на бакнување. Во 90% од случаите најчесто е предизвикана од Епштајн – Баровиот вирус, тип на херпес, или во останатите 10 % од цитомегаловирусот.
Обично се пренесува со бакнување и контакт со предмети заразени со плунка.

Вирусот во домаќинот останува доживотно, првите 18 месеци после инфекцијата се излачува со плунката, а после тоа повремено.

Кај децата протекува како бенигна болест, обично без симптоми, а кај возрасните, доколку се заразат, кај 25-75% се развиваат симптоми на оваа болест.
СИМПТОМИ:

Четири до осум недели после инфекцијата се појавуваат првите симптоми: малаксаност, губиток на апетитот и треска, после кои се јавува воспаление на грлото, температура, и зголемување на лимфните јазли.
Воспалението на грлото е интензивно во првите 5-7 дена, а во наредните 7-10 дена се намалува.
Зголемената температура обично трае 7-14 дена, но понекогаш може да потрае и подолго.
Лимфните јазли се смалуваат во тек на 3 недели.
Заморот е најтврдокорниот симптом. Повеќето од болните се чувствуваат доволно добро за да се вратат во школо или на работа, но понекогаш со месеци можат да чувствуваат исцрпеност, намалена концентрација, и неможност за извршување на секојдневните активности.

Компликациите кај оваа болест не се чести, меѓутоа можат да бидат драматични, и да станат доминантна манифестација на болеста.

 

NotForMen препорака: 9 непознати за бакнувањето

 

ТРЕТМАН:

Се препорачува мирување, пиење на поголеми количини на течности, по потреба земање на лекови кои ја намалуваат телесната температура.

За спречување на ширењето на мононуклеозата треба да се избегнува контакт со плунка на индивидуи кои од неодамна прележале мононуклеоза, да се одржува висок степен на хигиена и да не се делат работи кои се ставаат во уста.

Покрај горе преку споменатите симптоми мононуклеозата најчесто се дијагностицира и со лабораториски наод и тоа преку проверка на леукоцитите, ако се во зголемен број.

Според изјавата на менаџерот на Роџер Федерер, Тони Годсик, светскиот рекет број еден во текот на првиот Гренд Слем турнир му била откриена мононуклеоза.

ШИРЕЊЕ:

Мононуклеозата е заразна болест, па така заболените можат да заразат луѓе кои претходно немале мононуклеоза. Повеќето луѓе ја добиваат на возраст од 15 до 25 години.

На почетокот луѓето кога ќе се заразат со вирусот не се чувствуваат лошо, па така некој може да има мононуклеоза да ја шири, а да не знае за тоа. Заболените треба да ги мијат рацете веднаш по кивање и да користат сопствен прибор за јадење. И без бакнување неколку месеци, бидејќи за време на инфекцијата и неколку недели по исчезнувањето на симптомите заболениот може многу лесно да ја пренесе болеста.

Но многу луѓе биле изложени на оваа болест како деца и поради тоа развиле имунитет за вирусот, па така поголемиот дел од изложени на мононуклеоза не заболуваат.

Бидејќи и здравите луѓе во периоди од животот го лачат овој вирус не е потребно да се изолираат, тие всушност се најголемите преносители на овој вирус.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?